Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕТЦЦ шампионат: Еден подиум за Стефановски низ улиците на Вила Реал

0
By Нова ТВ on June 25, 2017 СПОРТ
Фото: fiaetcc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 25, 2017 16:12

Со пласман на подиум по втората трка и четврто место по првата, Игор Стефановски-Иџе ги комплетира настапите на легендарната португалска улична трка во Вила Реал, четврта од вкупно шесте во годинашната сезона во ЕТЦЦ шампионатот.

Најдобриот македонски автомобилист го освои третото место во второто појавување на патеката попладнево. Но, ќе впише преполовен број на бодови на контото од причина што трката беше предвреме завршена. Безбедносното возило мораше да интервенира уште во воведниот круг по инцидентот на Норберт Наѓ, а потоа и за водечкиот во генералниот пласман, Швајцарецот Кристјоханес Шрајбер по што натпреварот не продолжи.

Победата ја однесе Унгарецот Жолт Давид Сабо, водечки во момент на прекинот, пред Бугаринот Пламен Кралев и Игор Стефановски.

Стефановски остана без подиум по првата трка поради судирот со Хозе Родригез во финишот. Македонскиот натпреварувач ја загуби контролата врз своето возило, Португалецот ја искористи ситуацијата што ја предизвика и како трет мина низ целта. Најавена е, сепак, истрага за инцидентот и не е исклучена можноста да следува казна за Родригез и враќање на Стефановски на третото место по административен пат.

Прв во воведната трка беше Чехот Петер Фулин пред Унгарецот Норберт Наѓ.

Следува двомесечна пауза во ЕТЦЦ шампионатот пред двата последни викенда во сезоната. Првиот нареден, според календарот, е од 15 до 17 септември во Золдер, Белгија.

#Португалија Автомобилизам Вила Реал ЕТЦЦ Игор Стефановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.