НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аргентина на нозе: Меси утре прави свадба од сништата во Розарио

0
By Нова ТВ on June 29, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аргентинскиот град Розарио утре ќе биде во центарот на светското внимание. Причина е свадбената церемонија на Лионел Меси со Антонела Рокузо, девојка што фудбалскиот волшебник од земјата на „гаучосите“ и на Барелона ја познава од својата петта година во животот. Двојката е во врска од 2008 година и досега ги имаат четиригодишниот Тијаго и Матео кој во септември ќе прослави втор роденден.

Свеченоста не случајно е планирана и ќе биде реализирана во Розарио, родниот град на каде Меси во кој го почна и својот фудбалски подем во дресот на Њуелс Олд Бојс. Забавата ќе се одржи во казиното „Сити центар“ и според информации на локалните медиуми ќе биде надгледувана од обезбедување што ќе брои 200 члена под команда на поранешен армиски раководител во Аргентина.

Безбедноста на брачната двојка доверена на приватна фирма од Израел

Приватна фирма од Израел, пак, ќе води сметка за идната брачна двојка чии припадници и онака се постојано со фудбалерот. Она што е интересно е локацијата на „Сити центар“. Казиното се наоѓа во квартот Ла Гранада што важи во „владение“ на еден од најзлогласните нарко-картели во земјата. Врв во целата приказна е дека објектот ќе биде отворен за време на свадбената веселба.

На улиците на Розарио е најавено поставување на видео-бимови на кои ќе се прикажуваат детаљи од забавата. Очекувањата се дека на свадбата на Меси ќе нема повеќе од 260 гости, а според пишувања на аргентинските медиуми акредитирани се и околу 150 новинари.

Иниеста оправдано отсутен, Пике неизвесен, Енрике без покана

Меси на венчавката покани 21 колега со кои настапуваше за Барселона во минатата сезона. Присуство најави и неговиот долгогодишен соиграч Чави како и комплетниот тим на економи, доктори и физиотерапевти на клубот од „Кам Ноу“. Меѓу оправданo отсутните ќе биде Андерс Иниеста, а непознато е дали во Розарио ќе се појави Жерар Пике чија невенчана сопруга, Шакира, неофицијално, не е во добри односи со Антонела.

На списокот на поканети Меси го изостави Луис Енрике и негови асистенти во стручниот штаб Хуан Карлос Унзуи, Роберто Морено, Рафел Пол и Жоаким Валдес. Истото се однесува и за управата на Барселона и членовите на управниот одбор како и за аргентинската легенда Диего Армандо Марадона.

Антонела во венчаница на шпанската креаторка Роза Клара

Невестата ќе носи производ на шпанската креаторка Роза Клара чии услуги користат бројни латиноамерикански ѕвезди како актерката Ева Лонгорија и Софија Маргарита Вергара.

Аргентинска ТВ куќа пред неколку дена го објави и менито на свадбената веселба. Содржи различни видови на традиционални аргентински специјалитети, многу салати и неколку врсти на лебови. Гостите, меѓудругото, ќе може да уживаат и во храна од јапонската кујна преку неколку видови на суши.

За атмосфера задолжени аргентинската пејачка Карина Техеда и уругвајските бендови „Марама“ и „Ромбаи“ 

Неофицијално за забавата е атмосфера ќе биде задолжена аргентинската пејачка Карина Техеда која е во врска со репрезентативниот колега на Меси, Серхио Агеро. Заедно со неа ќе настапат и уругвајските бендови „Марама“ и „Ромбаи“.

Од вестите за свадбената веселба од Розарио и онаа дека двојката им забранила на сватовите да носсат подароци. Сите што, сепак, не сакаат да се појават со празни раце се упатени на доброволни донации во фондацијата на Меси.

Антонела Рокузо Аргентина Лионел Меси Розарио свадба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.