Жител на скопската населба Бутел 1 попладнево околу 12 часот во својот домги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот. Веднаш потоа 84-годишниот скопјанец се самоубил.
Полицијата го потврди инцидентот. Се случил на улицата Хо Ши Мин во близина на општина Бутел. Застреланиот внук 32-годишниот Т.С. им подлегнал на повредите на лице место, а сопругата на убиецот и нивната 58-годишна ќерка во сериозна состојба и во животна опасност се префрлени на Ургентниот центар.
Во тек е увид на местото на убиството.