НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Купот на конфедерации за помладената Германија

0
By Нова ТВ on July 3, 2017 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И подмладената репрезентација на Германија беше доволна за триумф на фудбалскиот Куп на конфедерации во Русија. „Панцерите“ во финалето во Санкт Петербург за еден гол беа подобри од Чиле (1:0). Стрелец на единствениот погодок на стадионот „Крестовски“ беше Ларс Штиндл во 20 минута по асистенција на Тимо Вернер за прва титула во натпреварувањето што се одржува од 1992 година колку што имаат и Аргентина, Мексико и Данска. Франција има два освоени пехара, најтрофеен е Бразил со четири.

Воведиот период во мечот им припадна на Чилеанците, но како одминуваше времето Германците воспоставија рамнотежа и почнаа да истакнуваат амбиција за гол за што не чекаа премногу. Ја искористија првата шанса што дојде по комоција на Марсело Диаз, дефанзивец на „ла роха“, што ја казни играчот на Борусија Менхенгладбах и успеа да го матира Клаудио Браво.

Фото: fifa.com

Јужноамериканскиот титулар се обиде да возврати, по можност до паузата, создаваше прилики, се закануваше од секаде, трагаше по патот до мрежата на Тер Штеген и од игра и по прекини, но таквата цел остана без реализација. Таквата определба остави простор и за Германија да бара втор гол за што нејзините репрезентативци имаа неколку солидни ситуации меѓутоа резултатот остана непроменет.

Второто полувреме донесе, за нијанса, повнимателна игра и без дотолку возбудувања како што беше случај во воведното. Чиле демонстрира решителност да тргне на се или ништо, го засили притисокот на што германскиот состав одговори мудро и зрело, одолеа и се однесуваше како да настапува заедно со години, а не само три ипол недели и ја сочува предноста од 20 минута.

Фото: fifa.com

По финалето беа доделени и три индивидуални награди на Адидас. „Златната топка“ му припадна на Јулијан Дракслер, „златната копачка“ на Тимо Вернер, а Клаудио Браво ја доби „златната ракавица“.

Бронзата ја освои Португалија во триумфот во продолженија против Мексико со 2:1. Мексиканците поведоа со автоголот на Нето во 54 минута, израмни Пепе во првата од судиското продолжение, а Адриен Силва од пенал во 108 минута им донесе славје на „европските Бразилци“.

Чиле – Германија 0:1 (0:1)

Стадион: „Крестовски“ во Сакт Петербург. Гледачи: 57,268. Гл. судија: Милорад Мажиќ. Асистенти: Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ (сите тројца од Србија). Ж. картони: Браво, Видал, Санчез, Варгас, Хара (Чиле); Кимих, Руди, Џан (Германија). Стрелец: Штиндл 20′ за Германија.

Чиле (формација: 4-3-3): Браво – Босежур, Медел, Хара, Исла – Диаз (Валенсија 53′), Ернандез, Арангуиз (Сагал 81′) – Видал, Санчез, Варгас (Пуч 81′). Селектор: Хуан Антонио Пици.

Германија (фрмација: 3-4-3): Тер Штеген – Ридигер, Мустафи, Гинтер – Хектор, Руди, Штиндл, Кимих – Дракслер, Горецка (Силе 90’+2′), Вернер (Џан 79′). Селектор: Јоаким Лев.

Германија Куп на конфедерации финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.