Вкупно 35 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се пријавија за збор за извештајот на Народниот правобранител, непосредно пред точката за разрешување на обвинителот Марко Зврлевски.
Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на брифинг со новинарите информираше дека поднеле допис до претседателот на парламентот за формирање 10 пратенички групи во Собранието. Според барањето, 9 од групите ќе имаат по пет, а една ќе има шест члена. Како што рече Димовски, ова го прават со цел да може да се искористи деловничкото право со можност за поголемо учество во дискусијата.
Деловникот предвидува координаторот на пратеничката група да говори 15 минути и да се јави за процедурални забелешки од три минути.
Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Даниела Рангелова, Панчо Минов – се дел од имињата на координаторите на 10 пратенички групи кои ги предлага ВМРО – ДПМНЕ. Партијата денеска информираше дека поднеле допис до претседателот на парламентот за формирање 10 пратенички групи во Собранието. Според барањето, 9 од групите ќе имаат по пет, а една ќе има шест члена.
Со ваквата постапка, разрешувањето на Зврлевски може да се одолговлечи со денови, ако некој од пријавените не се откажа од правото да дискутира и реплицира.