Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалникот во Валандово ја запре одлуката за референдум

1
By Нова ТВ on July 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 7, 2017 13:32

Градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски, ја спречи одлуката на Советот за распишување на локален референдум ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот Казандол и други рударски комплекси на територијата на општината.

Во образложението градоначалникот наведува, „Советот не е надлежен за вакви одлуки“ и референдумот би бил „незаконско и неовластено трошење на градскиот буџет“.

Градоначалникот имаше седум дена после донесувањето на одлуката на 3 јули, да го потпише барањето на градските советници, од кои осуммина од 15 одлучија да се распише референдум.

Според Чурлиновски „Одлуката е донесена за решавање на прашања чие што одлучување не е во надлежност на Советот на Општина Валандово и тој не е овластен да одлучува“.

Дополнително, вели дека е предвидено средствата за спроведување на референдумот ќе се обезбедат од буџетот на Општина Валандово во висина на 1.200.000 денари.

„Градоначалникот на Општина Валандово го запира нејзиното објавување во Службениот гласник на Општина Валандово, со цел да спречи незаконско и неосновано трошење на буџетските средства на Општината за чие што обезбедување ќе биде неопходен ребаланс на Буџетот за 2017 година“.

Процесот на распишување на референдум во Валандово се одложува со месеци, откако два пати беше одбиена граѓанска иницијатива, а сега и иницијатива на советници.

Советниците информираат дека на следната седница на Советот одново ќе биде ставена на дневен ред точката за референдум и доколку по втор пат биде изгласана, тогаш градоначалникот нема да може да ја спречи одлуката.

Валандово Казандол Николче Чурлиновски рудник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.