Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: За евроинтеграциите очекувам соработка на власта и опозицијата

0
By Нова ТВ on July 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 14, 2017 16:13

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во денешното свое обраќање на Комисијата за европски прашања пред премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи, кои беа присутни меѓу другите, потенцираше дека очекува конструктивност и од Владата и од опозицијата на патот кон евроатлантските интеграции на Македонија.

– Во „Планот 3-6-9“ кој што во суштина произлегува од познатиот договор од Пржино, како и од Владината програма за 2017-2020година, има и конкретен дел со конкретни мерки кои се однесуваат на работата на Собранието. Меѓу нив, има неколку мерки со кои јакнее надзорната улога на Собранието врз Владата, односно извршната власт, забележа собранискиот спикер, кој дополни дека сега гледа искрена определба на Владата и на парламентарното мнозинство овие реформи, како и сите други реформи да се прават исклучиво во полза на граѓаните и општеството во целост.

Тој рече дека како претседател на Собранието, секогаш ќе направи сè што му дозволува Деловникот, Законот за Собрание и Уставот со цел, опозицијата да може на транспарентен начин да ги изнесе своите политички и програмски интереси, предлози, аргументи и критики.

– Меѓутоа, во исто време, од опозицијата очекувам и одговорно однесување во целокупниот законодавен процес, односно ефикасно функционирање на Парламентот. Според мое мислење, некои потези на опозицијата кои деновиве ги гледа целокупната македонска јавност, но и нашите меѓународни пријатели и партнери, не ѝ помагаат ниту на парламентарната демократија, ниту на потребните реформи и на интеграциските процеси во ЕУ и НАТО. Како прв меѓу еднаквите, јас не сакам да судам, сепак, како претседател на Собранието, имам обврска да обезбедам нормално функционирање на законодавниот дом. Затоа, се надевам дека предложениот владин План познат како „3-6-9“, како и Владината програма 2017-2020, се добра основа за создавање на вистинска инклузивност помеѓу сите парламентарни  политички субјекти, рече Џафери.

Тој побара инклузивност во евроинтеграциите и на експертската и академската јавност како и невладиниот сектор.

Влада Евроинтеграции Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.