НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавна дебата: Политичарите да не ги креираат содржините во медиумите

0
By Нова ТВ on July 14, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подобрување на работните услови за новинарите, ослободување на медиумите од владините реклами, поголема транспарентност и доведување на јавниот сервис да функционира во нормална состојба и да функционира како вистински граѓански сервис, побараа денеска новинарите и граѓанските организации од министрите за администрација и транспарентност Дамјан Манчевски и Роберт Поповски на дебата организирана за Реформите во медиумите.

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари, Тамара Чаусидис рече дека очекува во приоритетите на новата влада да биде подобрувањето на условите во кои работат новинарите. Исто така таа рече дека очекува новата влада да ги укине таксите за Централен регистар, за Катастар, како и да се скрати рокот за добивање на информации по слободен пристап. Таа рече дека ја поразува тоа што  Законот за работни односи не е во итните приоритети на владата и дека  самоцензурата е приткаена во медиумите и тоа нема само од себе да се смени.

Насер Селмани, претседател на здружението на новинари на Македонија рече дека во ребалансот на буџетот се предвидени премалку пари за јавниот сервис и побара посебна дебата да се одржи за финансирањето и функционирањето на јавниот сервис.

Сопственикот и уредник на интернет-порталот, МКД.мк, Александар Дамовски побара да се воведат фер и еднакви услови за сите медиуми вклучувајќи ги и порталите за кои со години се води расправа дали треба или не треба да се ставаат во категоријата медиуми.

Министерот за администрација, Дамјан Манчевски рече дека новата влада сака да направи  реформи во медиумите кои ќе бидат резултат од предлози на сите засегнати страни.

Министерот без ресор задолжен за транспарентност и отчетност рече медиумите мора да бидат ослободени од секаков притисок. Исто така рече дека прв чекор кон тоа е вистински, реален јавен-граѓански сервис.

ЗНМ медиуми реформи ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.