Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: Вардар го елиминира Малме и се најави во Копенхаген

0
By Нова ТВ on July 18, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 18, 2017 21:37

Македонија, конечно, дочека прва победа и пласман во наредна квалификациска рунда на свој претставник во Лигата на шампиони. Постот што траеше повеќе од една деценија (2006 година) го прекина Вардар кој во реваншот го совлада Малме со 3:1 и се најави на двомеч со, најверојатно, Копенхаген во третото коло.

„Црвено-црните“ го елиминираа шведскиот првак со пресврт во второто полувреме на „Младост“ во Струмица. Грнчаров во 56 минута ја поништи предноста на гостите што ја осигура Розенберг од пенал во 16 минута. Пет минути по капитенот во листата на стрелци се впиша и Барсегјан кој отпадокот по нереализираниот пенал на Фелипе го претвори во гол за 2:1, а точка на секаква неизвесност стави Боан Николов во првата минута од судиското продолжение.

По воведните 20. минути што ги одиграа во грч, направија пенал и имаа негатива, „црвено-црните“ воспоставија рамнотежа и беа рамноправен партнер на тревникот иако паузата ја дочекаа со резултат што носеше прогрес на Швеѓаните.

Сликата комплетно се смени во продолжение на средбата. Вардарци тргнаа на се или ништо на што упати и замената на Седлоски (Блажевски наместо Глигоров). Македонскиот шампион ги помести линиите, презеде иницијатива и тргна во офанзива по, најпрво, израмнување. И, за негова среќа, успеа набрзо потоа. Грнчаров беше највисок по корнерот на Фелипе за симнување камен од срце и на стручниот штаб и на вардаровите фанови.

По исполнување на примарната цел се тргна по нова, водство што ќе значи да нема продолженија и исполнување на мисијата во основните 90 минути. И во тоа накусо потоа успеаја. Фелипе изнуди пенал што амиот го изведе, Виланд го „прочита“ Бразилецот, но не и Барсегјан. Ерменецот одлично ја демнеше ситуацијата со најстрогата казна, втрча навреме, и одбиената топка, сепак, ја смести во мрежата.

По вториот примен гол и Малме стави се на една карта. Тргна по втор гол и остави многу простор за вардарци кои го казнија со контра во финишот и за погодокот на довчерашниот младински репрезентативец ги реши сите дилеми околу победникот во двомечот и патникот во наредното коло.

Вардар ќе добие противник утревечер за кога е закажан реваншот меѓу Копенхаген и Жилина. Данците имаат 3:1 од гостувањето во Словачка, резултат што треба да го потврдат на домашен терен.

Вардар – Малме 3:1 (0:1)

Стадион: „Младост“ во Струмица. Гледачи: 5.000. Гл. судија: Анатолиј Жабченко. Асистенти: Александар Војтјук и Серхиј Бекер (сите тројца од Унгарија). Ж. картони: Гачевски, Новак, Фелипе, Блажевски (Вардар); Конате, Бергет, Брорсон, Сванберг (Малме). Стрелци: Грнчаров 56′, Барсегјан 61′, Николов 90’+1′ за Вардар; Розенберг 16′ (п) за Малме.

Вардар (формација: 4-2-3-1): Гачевски – Демири, Новак, Грнчаров, Хамбарѕумјан – Глигоров (Блажевски 46′), Спировски – Барсегјан (Брдаровски 73′), Николов, Фелипе – Балотели (Муслиу 85′). Тренер: Гоце Седлоски.

Малме (формација: 4-4-2): Виланд – Конате (Ракип 63′), Брорсон (Бенгстон 46′), Л. Нилсен, Тинерхолм – Јотун, Левицки (Сванберг 83′), Кристијансен, Еикрем – Бергет, Розенберг. Тренер: Магнус Першон.

Вардар Квалификации за ЛШ Малме фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.