Албанија ќе допатува во Македонија во септември во квалификациите за СП 2018 под водство на Кристијан Панучи. Легендарниот италијански фудбалер е именуван за нов селектор на репрезентацијата на западниот сосед, функција што до неодамна ја извршуваше неговиот сонародник Џани ди Бјаси.
Детали од постигнатиот договор за соработка не се познати освен што како цели се ставени само подобри резултати до крајот на циклусот со оглед на извесноста дека на завршниот турнир од групата ќе патуваат Шпанија и Италија.
Ова ќе биде прв самостоен селекторски ангажман на Панучи кој досега беше тренер во Ливорно и во Терната и беше асистент на Фабио Капело во стручниот штаб на руската репрезентација.