НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев-Марковиќ: Македонија да биде следна членка на НАТО

1
By Нова ТВ on August 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, се сретна со неговиот црногорски колега Душко Марковиќ, во Подгорица каде се одржува Самитот на Јадранска повелба, чиј претседавач е Заев.

„Успехот на новата Влада на Република Македонија за напредок на Македонија е мотивација за регионот. Капацитетите на Владата да ги сработи потребните реформи се видливи. Се надеваме дека и Република Македонија ќе стане членка на НАТО“, рече црногорскиот премиер Марковиќ.

Заев соопшти дека Република Македонија доби Влада посветена на реформите и на евро-атланските интеграции на државата, што треба да придонесат за квалитетен живот на сите граѓани на Македонија.

„Имаме стабилна Влада, којашто ги обединува сите граѓани и етнички заедници во државата. Енергично работиме на потребните промени, вклучувајки ги сите во општеството. Ги развиваме искрено и динамично добрососедските односи. Со ова, веруваме дека ги отвораме европските перспективи и се надеваме дека ќе бидеме следната членка на НАТО“, соопшти премиерот Заев.

Заев оцени дека со вчерапотпишаниот Договор меѓу Македонија и Бугарија за добрососедство, со интензивните контакти на регионално ниво, како денешната со црногорскиот премиер Марковиќ и изразените регионалните иницијативи за соработка, регионот испраќа позитивни пораки на зрелост што ќе бидат забележани и вреднувани во европските и НАТО интерации на државите.

На билатералната средба, премиерите Заев и Марковиќ констатираа дека Република Македонија и Република Црна Гора се пријателски земји, коишто немаат отворени прашања и поради тоа имаат одлична основа за вистинско унапредување на односите. Се разговараше посебно за развој на економската соработка и поврзување на бизнисмените од двете држави.

Билатералната средба на премиерот Заев со премиерот на Црна Гора Марковиќ е вовед во денешниот работен ден во Подгорица на делегацијата од Република Македонија, што продолжува со отворена Воведна сесија на Самитот на земјите од Јадранската повелба.

Душко Марковиќ Зоран Заев Подгорица Самит на Јадранска повелба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.