Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вардарци по Копенхаген: Пораз што боли, примивме евтини голови

0
By Нова ТВ on August 3, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 3, 2017 15:50

Фудбалерите на Вардар изразуваат неверување по убедливиот пораз од Копенхаген и елиминацијата во Лигата на шампиони (ЛШ). Данската екипа го совлада македонскиот првак со 4:1, во реванш мечот од третото квалификациско коло, и си осигура место во утрешната ждрепка за елитното клупско натпреварување на УЕФА.

Пораз што боли, шок, евтини голови. Вака вардарци го опишаа настапот на стадионот „Паркен“ во данската престолнина вчеравечер. Имаа шанса што не се пропушта, имаа прилика што ретко се укажува, имаа резултат (2:1), имаа и играч повеќе на тревникот за последните 20 минути. Но, исклучувањето на Грегуш во 71 минута, наместо да им даде крилја на „црвено-црните“, вбризга решителност кај домашните кои со два гола до крајот го испратија составот на Гоце Седлоски во Лига Европа.

„Разочарување е присутно меѓу нас. Само 15 минути нè делеа во плеј-оф во Лигата на шампиони и во нив примивме евтини голови. Штета. Првиот примен гол по исклучувањето делуваше демотивирачки по нас. Не можевме да се вратиме до крајот. Што е тука е. Одиме напред. Имаме уште европски натпревари, наближува и почетокот на новата сезона. Колку и да боли овој пораз од Копенхаген, а боли, мора да гледаме напред“, истакна Бесир Демири.

Дваесетина минути, вклучувајќи го и судиското надополнување, ги делеа вардарци од радост, а трибините на стадионот „Паркен“ од тага. Но, ситуацијата експресно се смени во корист на данскиот претставник и на штета на македонскиот чии играчи се принудени да бараат утеха во второто по ранг УЕФА натпреварување.

„Случувањата во финишот не сакам ниту да ги анализирам ниту да ги коментирам. Сè уште сум во шок. Вакви порази болат и тешко се прифаќаат. Можам да кажам дека Вардар демонстрира потенцијал и квалитет да се носи со екипи како Малме и Копенхаген. Во очекување сме на ждрепката за Лига Европа каде, исто така, веруваме дека можеме да уживаме во успех“, рече вардаровиот стопер од Украина, Евгениј Новак.

Фото: fkvardar.mk

Гол во рана фаза на натпревар е често посакуван момент во фудбалската игра. Копенхаген го направи тоа уште во втората минута. Николов возврати во 19, а Барсегјан несреќно го совлада Гачевски во 26. за 2:1 за Данците и неизвесност што зависеше од еден гол на чија страна ќе заврши мечот. Вардарци и така имаа резултат за премин, со уште еден гол ќе се „бетонираа“ во наредната фаза. Меѓутоа примија два со фудбалер помалку и мораа да се помират со елиминација на крајот.

„Разочарани сме. Имавме добар резултат од првата средба. Набрзина примивме гол во реваншот меѓутоа набрзина и израмнивме. Копенхаген се врати во водство со среќен гол по што добро се држевме. Имавме и фудбалер повеќе и наместо тоа да го искористиме, ние примивме два гола. Ова боли, но сигурен сум дека можеме до пласман во групите во Лига Европа“, нагласи голманот Гачевски.

Попладнево и вечерва се играат реванш дуелите од третото квалификациско коло за УЕФА Европа лигата, ждрепката за плеј-офот е закажана за утре во 13 часот по извлекување на двојките за ЛШ.

Бесир Демири Вардар Евгениј Новак квалификации Лига на шампиони Филип Гачевски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.