НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спринтерите на Јамајка обвинуваат: Предолго чекавме

0
By Нова ТВ on August 14, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тажен крај на една блескава кариера. Како поинаку и пократко би можело да се опише пензионирањето на Јусеин Болт, суверениот владетел во трките на 100 метри и сопственик на светскиот рекорд (9,58 сек.) и на осум златни олимписки медали и уште 11 на атлетските мундијали. Леснотијата со која ја оддувуваше конкуренцијата на тартанот во изминатата деценија за што, како сунѓер ги впиваше симпатиите, вечно ќе се памети и прераскажува.

Круна на моментите за восхит што несебично ги подаруваше на светот требаше да биде Лондон, но наместо хепиенд доживеа два пораза и згора на тоа и повреда за малерот да биде комплетен. Најпрво го загуби дуелот со Џастин Гетлин за потоа да дојде пехот во финалето на штафетната трка 4х100 метри. Човекот „молња“ како што го нарекуваат, почувствува болка на 5о-тина метри до крајот, почна да потскокнува и со болен израз на лицето легна на патеката. Докторот на репрезентацијата на Јамајка, Кевин Џонс, подоцна потврди дека во прашање е задна ложа на левата нога.

Лондон е, сепак, само епизода во една од најголемите атлетски и, воопшто, спортски кариери што ги запозна светот и со задоволство ги следеше. Неговото име ќе биде забележано во аналите на „кралицата на спортовите“ со боја каква што беа и одличјата што ги жнееше од големите приредби. Фантастичниот и аеродинамичен старт, долгиот чекор со кој ги излудуваше ривалите и стилскиот финиш ќе бидат елементи што тешко кој би можел да ги копира и примени. За резултатите што ги постигна, харизмата што ја носеше во себе и енергијата што ја емитуваше да не говориме.

Мораше ли вака да заврши? – Кои се причините за повредата? – Ова се најчесто поставуваните прашања за крајниот епилог во кариерата на Болт. И додека светските медиуми нагаѓаат за причините, можната за дебаклот на најбрзиот човек на планетата на последното големо натпреварување ја понудија дел од спринтерите во тимот на Јамајка кои прст вперуваат во организаторот на СП во Лондон.

„Трката доцнеше десет минути. Тоа беше лудо. Во пресрет на финалето имаше две церемонии на доделување на медали што траеја 40. минути. Се загревавме и чекавме, па пак се загревавме и чекавме. Мислам дека чекањето нè дотепа. Му беше многу студено. Чувствувам болка за нашиот шампион и легенда кој, по се, излезе на патеката и доживеа вакво нешто“, истакна Јохан Блејк, светскиот првак од 2011 година кој беше трета измена за Јамајка во саботното финале во Лондон.

Доцнењето на трката го критикуваше и светскиот шампион на 110 метри со пречки, Омар Меклод.

„Оваа сцена го крши срцето. Дадов се од себе и сакав Болт да замине со злато на градите или барем некаков медал. Смешно е, човече, навистина долго чекавме, за тоа време испив две шишенца со вода. Не сум сигурен меѓутоа мислам дека мина три доделувања на медали додека нé повикаа на патеката. Се трудевме да останеме загреани, но не успеавме. Неверојатно е што и како се случи. Предолго чекавме. Името на Јусеин Болт, сепак, ќе остане да живее“, рече Меклод.

Со коментар за пехот на Болт се јави и Џастин Гетлин, златното американско момче на 100 метри. Покрај долгото чекање, според него, и временските прилики имале удел во повредата на Јамајчанецот.

„Жал ми е што се повреди. Ова, сепак, беше негово збогување со атлетиката. Сентиментален сум. Си искажавме меѓусебен респект при загревањето, се поздравивме и прегрнавме. Јусеин Болт е гоем спортист и единствено како таков ќе остане“, изјави Гетлин.

Неговиот, пак, прославен сонародник Мајкл Џонсон излезе со став дека Болт требал да реши да замине порано.

„Според мене истрча една сезона повеќе. Болт, ми се чини, дека беше подготвен за пораз, но мислам дека не очекуваше ваков крај во последната трка. За навивачите сакаше да стигне до целта. Глетката што ја видовме беше разочарувачка. Го видовме во издание какво не бевме го виделе досега“, коментира Џонсон.

атлетика Јусеин Болт повреда СП во Лондон Штафета 4х100
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.