Тенис: Дел Потро се повлече од Австралија опен, Мареј слави прва победа по септември

Аргентинецот сè уште не е доволно опоравен од фрактурата на чашката на коленото (патела) поради што мораше да ги извести организаторите дека нема да настапи на гренслемот во Мелбурн. Британецот во рамки на првото коло на АТП турнирот во Бризбејн го совлада домашниот тенисер Џејмс Дакворт со 6:3, 6:4

Тенис: Мареј, сепак, се повлече од Ју-Ес опен

Најдобриот тенисер за 2016 година истакнал дека „болките се пресилни да може да го освои турнирот“. Притоа порачал дека во наредните неколку денови ќе донесе одлука за евентуален крај на сезоната

Спринтерите на Јамајка обвинуваат: Предолго чекавме

„Трката доста доцнеше. Тоа беше лудо. Во пресрет на финалето имаше две церемонии на доделување на медали што траеја 40. минути. Се загревавме и чекавме, па пак се загревавме и чекавме. Мислам дека чекањето нè дотепа“, вели Јохан Блејк кој трчаше како трета измена во финалето на штафетата 4х100 метри