Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневски: Да се биде дел од Вардар не е само чест туку и обврска

0
By Нова ТВ on August 16, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 16, 2017 23:53

Беспоштедна работа за продолжување на патот по кој е зачекорен Вардар. Ова го најави Чедомир Јаневски при промоцијата за нов тренер на Вардар. Поранешниот македонски селектор го презема „црвено-црното“ фудбалско кормило од Гоце Седлоски кој неочекувано поднее оставка пред дуеот со Фенербахче во плеј-оф фазата за Лига Европа.

„Задоволството е големо. Среќен сум што се враќам во клубот во кој најмногу се афирмирав како играч и преку кој започнав интернационална кариера. Се надевам дека со професионална работа ќе продолжиме онаму каде што застанавме. Сите сме фокусирани да успееме со овој тим кој не е бренд само во Македонија туку и на просторите на поранешна Југославија. Да се биде дел од Вардар не претставува само чест туку и обврска“, истакна Јаневски кој се договори за двегодишна соработка со вардаровото раководство.

Јаневски, сепак, ќе дебитира на клупата на Вардар веќе во мечот со Фенербахче. Вчерашните информации упатуваа на Александар Васоски како прв предводник на „црвено-црните“ поради временскиот теснец до судирот со турскиот гигант, но новиот тренер е пријавен во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и ќе диригира од клупата против ривалот од Истанбул.

„Во мечот ќе влезам со само два тренинга меѓутоа нема оправдување. Добар дел од фудбалерите ги познавам и имам искуство од времето кога бев селектор. Фенербахче е добро анализиран и непотребно е да се трошат зборови за каков тим се работи. Пред нас е ретка прилика да бидеме прв клуб што ќе заигра во групна фаза во натпреварување на УЕФА. Противникот е голем, располага со одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и адути“, порача Јаневски.

За Јаневски ова е прво враќање во Вардар од каде замина пред 28 години како фудбалер.

Вардар Промоција фудбал Чедомир Јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.