НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши распитот на Љупчо Палевски, СЈО не побара притвор

0
By Нова ТВ on August 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред половина час заврши распитот на скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо во Специјалното јавно обвинителство. По неколкучасовно испрашување, СЈО за Палевски не побарало притвор. Кои се причините за ова од Специјалното обвинителство вечерва не се достапни за коментар.

Палевски синоќа беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство и однесен во полициска станица каде беше задржан 20 часа, а потоа беше префрлен во СЈО.

Според неофицијални информации Палевски е приведен поради тоа што е осомничен дека е инволиран во објавување на прислушувани приватни разговори на јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени. На „Јутјуб“ сè уште стојат неколку приватни разговори објавени од корисникот „Никола Тесла“. На разговорите се слушаа гласовите на новинарите Оливера Трајковска, Драган Павловиќ Латас, Ивона Талеска, политичарите Али Ахмети, Муса Џафери, Ермира Мехмети и Мендух Тачи, но и на бизнисменот Јордан Камчев.

Со налог од судија на претходна постапка извршен е претрес во објекти и во работилницата на Палевски, но ниту истражните органи, ниту неговиот адвокат не откриваат дали полицијата пронашла нешто.

Уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас во СЈО пријави вакви злоупотреби и побара истрага за изворот кој ги пушта разговорите во јавност. Во април минатата година СЈО објави дека отвориле предистражна постапка за објавените приватни разговори.

На приведувањето на Палевски денеска реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека Јанева нема мандат да отвора нови истраги и доколку има случај со Палевски по него треба да постапува Основното јавно обвинителство.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека секој што се огрешил пред законот и работел во спротивност со истиот, треба да одговара за своите дејствија во законска, фер и правична постапка и никако поинаку. Доколку Палевски го прекршил законот, тој за тоа треба да одговара пред ОЈО кое е единствено легитимно и надлежно обвинителство да отвора истраги и покренува обвиненија без било какви пречки“, рече Орце Ѓорѓиевски –  ВМРО-ДПМНЕ.

Според Кривичниот законик за објавувањето на приватни материјали предвидена е затворска казна од 1 до 5 години.

бомби Љупчо Палевски распит СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.