Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов „кнез“ на „Луј Втори“: „Десетката“ на Монако на грбот на Јоветиќ

0
By Нова ТВ on August 28, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 28, 2017 18:40

Стеван Јоветиќ е нов член на Монако кој, судејќи по фотографиите што ги преплавија социјалните мрежи, е ангажиран како замена за Килијан Мбапе. На тоа упатува дресот со број 10 што досега беше сопственост на 18 годишниот фудбалер што е мета на најголемите европски клубови. Се шпекулира дека трансферот на Црногорец од Интер во актуелниот шампион на Франција ќе тежи 13 милиони евра.

Можноста за заминување на Мбапе од „Луј Втори“, и тоа уште во наредните 24 часа, го потврди и тренерот Леонардо Жардим. Напаѓачот, според ТВ „Скај“, се сели во Париз како позајмен фудбалер во ПСЖ со тоа што „светвите“ се обврзале да го откупат неговиот договор од Монако во текот на наредното лето за сума од 180 милиони евра.

Договорот, се вели, сè уште не е потпишан, но притоа се нагласува дека во зделката меѓу двата клуба нема да биде вклучен друг играч. Екипата на ПСЖ веќе го ангажира Нејмар за 222 милиона евра и ќе може да да го плати и Мбапе само доколку работи во рамки на финансискиот фер-плеј во кој се истакнува дека клубовите не може да потрошат повеќе пари одошто заработиле.

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Реал Мадрид понудил 150 милиони евра за Мбапе и уште 30 милиони евра во вид на бонуси што од „Луј Втори“ го негираа тоа.

За услугите на Мбапе , покрај „кралевите“, се загреани уште Барселона, Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити и ако се суди по написите во дел од медиумите, напаѓачот на „кнезовите“ ќе смени средина, но не и фудбалска сцена и ќе остане во француската Лига 1 како дополнение на страшно моќната офанзивна линија на ПСЖ.

Килијан Мбапе Монако Стеван Јоветиќ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.