Лос Анџелес е соочен со најголемиот пожар во историјата, изјави Ерик Гарсети, градоначалник на Лос Анџелес.
Пожарот во планините Вердуго, северно од градот, зафатил околу 2.000 хектари и само 10 отсто е ставен под контрола.
– Можам да кажам дека тоа е најголемиот пожар во историјата на Лос Анџелес, изјави Гарсети на прес конференција.
Околу 500 пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарот. Наредена е евакуација на околу 700 домови во северно предградие на Лос Анџелес. Властите најавија проширување на евакуациската зона.