Британскиот премиер Тереза Меј се согласила , конечната сметка за „разводот„ на Британија од ЕУ, да изнесува 50 милијарди фунти, пишува „Сандеј Тајмс„ повикувајќи се на свои извори во Конзервативната партија.
Овој износ што Британците треба да и го исплатат на ЕУ како компензација за нивното заминување од Унијата, е повисок од бројките што повремено ги споменуваа британските конзервативците , пред да почнат официјаните преговори за раздружување, но е пониска од бројките кои ги споменуваа некои европски медиуми.
Партиски извори изјавиле за весникот дека според ториевските министри „разводот„ треба да ја чини Британија, не повеќе од 30 милијарди фунти. Никој во ЕУ, официјално, нема споменато колкав ке биде крајниот износ, освен што претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, во една прилика има речено дека сметката би требало да биде „околу 60 милјарди евра„ што по сегашниот официјален курс изнесува приближно 55 милијарди фунти.
Тврдењето на лондонскиот неделник доаѓа по завршувањето на третата рудна преговори меѓу Лондон и Брисел, по кои стана јасно дека преговорите за Брегзит се во криза, а двете страни за причините за кризата меѓусебно, јавно, се обвинуваат. Според сознанијата на британските медиуми, кризата во преговорите е последица на одбегнувањето на Британците да преговараат и да се договорат околу крајната сметка од раздружувањето.
Наместо тоа, Лондон продолжува да инсистира со „процедуралното прашање„ – преговорите за раздружување да течат паралелно со преговорите за идните британско-европски односи и за догворт за слободна трговија, иако знае дека ЕУ со тоа не се согласува. „Сандеј Тајмс„ тврди дека Меј прифатила износ од 50 милијарди откако на предвремените парламентарни избори, таа и нејзинте конзервативци го загубија мнозинството во Парламентот.
Таквото сознание го засилува гневот на десницата во партијата и нејзиното барање да Меј да се повлече, заанувајќи се постојано со гласање за доверба во партискте редови. Неделникот сега тврди дека незадоволството се засилило откако Меј од Јапонија објави дека нема намера да биде премиер само за Брегзит и дека има намера да се кандидира и за следните парламентарни избори за пет години. Според една анкета на која се повиква овој весник, дури 70 отсто од Британците не сака Меј да биде кандидат и за изборте во 2022 година.