НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Нетанјаху ќе ја продлабочуваат соработката меѓу двете земји

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација во рамките на официјалната посета на Израел оствари средба со својот колега Бенјамин Нетанјаху.

Во заедничка изјава за медиумите, двајцата премиери испратија порака дека се залагаат за мирот во светот и за продлабочена соработка меѓу двете земји.

„Гледаме заедно кон подобра иднина. Ги разгледуваме начините и полињата каде што можеме да соработуваме во интерес на луѓето и на нашите земји. Научивме од минатото како да ја обезбедиме иднината. Израел е технолошки развиена земја и ќе и помогне на Република Македонија, соопшти израелскиот премиер Нетанјаху.

Премиерот на Македонија пак, нагласи дека за Македонија значат искуствата на Израел во иновациите и старт ап бизнисите, како и дека новата Влада ќе ги употреби израелските искуства за калитетен живот на граѓаните на Македонија.

„Имаме чест да сме во Израел. Го посетивме израелскиот претседател на државата, имавме состанок со бизнис заедницата, посетивме успешни компании коишто почнале како старт ап компании, значајни компании со коишто се надеваме дека ќе имаме натамошна соработка на економско ниво. Со Израел немаме отворени прашања, пријателски земји сме. Нашата соработка со Израел се надеваме дека ќе биде на две нивоа, безбедноста и светскиот мир, она за што е Израел добар пример во светот. Се надеваме дека низ организациите како што е НАТО, целиме да бидеме членка на НАТО, дека ќе продолжиме да соработуваме, бидејки заканите од радикализмот и екстремизмот се присутни овде во Израел и во овој регион, но исто така и за Македонија и за регионот на Западен Балкан“, порача Заев.

Заев ја нагласи и определеноста на Владата за почитување на културното наследство на Евреите.

„Потенцирам дека Македонија со голема почит го негува културното богатство на Евреите во нашата држава. Го одржуваме сеќавањето на жртвите од Холокаустот, со порака никогаш да не се повтори. Во 2011 година, беше отворен Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, а од 2015 година активно се работи кон целосна обнова и рехабилитација на Еврејските гробишта во Битола и изградба на Спомен парк“, рече премиерот Заев.

Нетанјаху на Заев му изразил поддршка за евро-атлантските аспирации на Република Македонија, на заедничкиот ручек кој следел по средбата.

Договорено е продлабочување на економската соработка преку воспоставување на програма за технолошко усовршување и поддршка за иновации. Разгледани се можности, инженери, математичари, претприемачи од Македонија да престојуваат во Израел и да соработуваат со старт ап фирми во високата технологија.

Бенјамин Нетанјаху Влада на Македонија Зоран Заев Израел соработка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.