Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов ќе биде кандидат на владејачката партија за градоначалник на Скопје.
Од партијата информираа дека потврдени се и кандидатите за Аеродром- Златко Марин, за Бутел – Велимир Смилевски, за Гази Баба – Борче Георгиевски, за Гази Баба – Александар Наумовски, Стефан Богоев за Карпош и Филип Темелковски за Кисела Вода.
Во останатите општини во Македонија партијата ги потврдила кандидатите за Арачиново – Миликије Халими, Богданци – Блашко Шапов, Брвеница – Мирко Стојановски, Валандово, – Перо Костадинов, Вевчани – Сашо Јанкоски, Виница – Ивица Димитров, Демир Капија – Лазар Петров, Зелениково Борче Гиевски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Карбинци – Јордан Насев, Конче – Благој Илиев, Кривогаштани – Рубично Шефтеровски, Крушево – Томе Христоски, Могила – Јасмина Гулевска, Новаци – Љубе Кузмановски, Ново Село – Боро Стојчев, Охрид – Јован Стојановски, Пехчево –Драган Тренчевски, Пласница – Шпресим Ајроски, Св. Николе – Сашо Велковски, Сопиште – Далибор Богдановски, Чашка – Горан Стојановски и за општина Штип – Благој Бочварски.
„СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните“, пишува во соопштението ан СДСМ.