НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По реприза од Хаифа: Македонија контра Албанија за потврда на Израел

0
By Нова ТВ on September 5, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Свеста е реална и приземна и посакува реприза на изданието и исходот против Израел во Хаифа, потсвеста е одмазничка и посакува реванш за поразот во Скадар. За реализација на потсвеста ќе треба да одигра свеста како основен и главен услов, во спротивно е многу веројатно согорување. Фудбалската репрезентација на Македонија од 20,45 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе биде домаќин на Албанија во осмиот настап во групата Г од квалификациите за Светското првенство во Русија во наредното лето.

Сè уште се свежи спомените од начинот на кој се загуби натпреварот на „Лоро Боричи“ минатата есен. Општ е впечатокот дека Божја сила тогаш спречи Македонија да остане без бод, а според некои и без трите во воведното коло од циклусот. Прекрасното и сончево претпладне и облачното попладне се претворија во големо вечерно невреме што резултираше со прекин на средбата во 76 минута при 1:1 во моменти на налети на составот на Игор Ангеловски по втор гол за победа.

Соседската фудбалска битка за мундијалот продолжи наредниот ден (7 септември) и во преостанатата шестина од натпреварот Албанците успеаја до триумф со голот на Балај во претпоследната минута. Надежите се дека овојпат ќе биде поинаку и временски и резултатски. Само е потребно фокусирање на сопствената игра и по можност повторување на онаа од „Сами Офер“ стадионот во саботата.

„Албанија е наш должник за оној несреќен пораз во Скадар. Посакуваме победа и се надевам дека ќе успееме да ја оствариме за реванш, но и продолжување на добрата игра со Израел и позитивната енегрија што ја имаме. Не е важно кој ќе погоди, важно е да славиме на крајот. Би бил среќен ако успеам да ја израдувам публиката со нов гол, но тимската цел во случајот е поголема и позначајна од индивидуалниот ефект“, вели Горан Пандев.

Албанија вооошто не е за потценување, но не е ниту непобедлива. Игрите и резултатите се под нивото од циклусот за ЕП 2016, на кормилото повеќе не е Луиџи ди Бјаси, креатор на најголемиот фудбалски успех на западниот сосед, на чие место е назначен неговиот сонародник и една од легендите на италијанскиот фудбал, Кристијан Панучи.

Покрај дуелот Македонија – Албанија, во нашата група вечерва ќе играат уште Италија – Израел во Реџо Емилија и Лихтенштајн – Шпанија во Вадуц.

Квалификации за СП 2018 – денеска играат

Група Д, 8 коло

Австрија – Грузија (20,45 ч.)

Република Ирска – Србија (20,45 ч.)

Молдавија – Велс (20,45 ч.)

Табела: Србија 15, Република Ирска 13, Велс 11, Австрија 8, Грузија 4, Молдавија 2.

Група Г, 8 коло

Македонија – Албанија (20,45 ч.)

Италија – Израел (20,45 ч.)

Лихтенштајн – Шпанија (20,45 ч.)

Табела: Шпанија 19, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.

Група И, 8 коло

Исланд – Украина (20,45 ч.)

Косово – Финска (20,45 ч.)

Турција – Хрватска (20,45 ч.)

Табела: Хрватска 16, Украина 14, Исланд 13, Турција 11, Финска 4, Косово 1.

Албанија квалификации за СП 2018 Македонија Струмица фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.