НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбалски плач од среќа: Сирија се пласира во бараж за СП 2018 (Видео)

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сирија е во еуфорија, воено разорената држава е на нозе. Солзите останаа декор на лицата на напатениот сириски народ од шестгодишната бруталната граѓанска војна, но овојпат се радосници. Националниот фудбалски тим ја мина квалификациската група и ќе игра бараж за Светското првенство во 2018 година.

https://www.youtube.com/watch?v=oWA-iMi76Kg

Чудото се случи во Техеран. Сирија одигра 2:2 против Иран во последното 10. коло во групата А од азиските квалификации, а во прилог ѝ беше и ремито во Ташкент меѓу Узбекистан и Јужна Кореја (0:0) за конечно освојување на третото место на табелата. Велиме чудо од причина што сирискиот национален тим ги одигра сите натпревари во циклусот надвор од својата земја. Како домашни ги пријавија стадионите во Серембан и Малака во Малезија поради воените дејствија на копно и од воздух против т.н. Исламска држава и силите лојални на опозицијата на претседателот Башар ал Асад.

„Ова е најсреќен ден во мојот живот“, изјави Башир Рахал, 26 годишно сириско момче кој натпреварот против Иран го следеше во еден од хотелите во главниот град Дамаск.

На радоста во Сирија и немаше крај. Телевизискиот пренос од Техеран не се следеше само во затворени објекти, кафилуња, ресторани и спортски сали туку и под отворено небо. На големите плоштад во Дамаск беа поставени видео бимови што собраа голема маса на луѓе, а последниот свиреж на главниот судија во Техеран продуцира „екплозија“ од воодушевување во Дамаск, скандирање „Сирија, Сирија и заглушувачки автомобилски сирени.

„Ден за паметење. Денеска славиме две победи. Армијата влезе во Деир ел-Зур и израмнивме против Иран што е еднакво на победа. Сирија е сведок на заживување, на будење, многу народ е собран на улиците на Дамаск. Вакво нешто немаме видено од почетокот на кризата“, вели Фаед Шмаис, 46 годишен вработен во сириската Влада.

Репрезентацијата на Сирија во октомври ќе игра бараж двомеч со Австралија. Подобриот од дуелите во ноември ќе оди на мегдан и со четврто пласираната селекција во КОНКАКАФ зоната (Фудбалска конфедерација на Северна и Централна Америка и Карибите) како завршен филтер за Русија. Иран и Јужна Кореја на првото, односно, второто место во групата А обезбедија место на мундијалот догодина.

Бараж квалификации за СП 2018 Сирија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.