НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин: Новата влада има импресивен почеток, опозицијата да не блокира

0
By Нова ТВ on September 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германското министерство за надворешни работи денеска ја пренесе порака што министерот за надворешни работи Зигмар Габриел му ја пренел на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, на вчерашната средба во Берлин.

-Новата македонска Влада имаше импресивен почеток и се фокусира на соработка со соседите преку амбициозни реформскии проекти и позитивни чекори, истакнал германскиот министер, соопшти Министерството.

Габриел исто така му ги пренел на Димитров честитките за првите 100 дена на Владата на премиерот Зоран Заев.

– Сега е клучно најавените реформи да се спроведат, а реформскиот процес во Македонија повторно да добива во интензитет. Само на тој начин Македонија може да напредува на патот на евро-атлантското приближување. Исто така, сакам да апелирам до актуелната опозиција да не го блокира добриот почеток на новата влада и да не одбива конструктивна соработка со владата. Бидејќи, сето тоа ќе биде за добро не само за ЕУ перспективата, туку и за граѓаните на земјата, кои се надеваат на напредок и подобрување на нивната животна ситуација, порачал Габриел.

Тој ја нагласил поддршката на Германија за евроатлантската перспектива на Македонија, како и на другите држави од Западен Балкан, која не е само политичка, туки и практична, со совети и дела, посочувајќи го како пример Берлинскиот процес.

Берлин Влада Зигмар Габриел Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.