НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески:Кривичната пријава е политичка хајка за моја дискредитација

0
By Нова ТВ on September 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, тврди дека кривичната пријава за злоупотреба на службената положба е поднесена со цел тој лично да се дискредитира и да се оттргне вниманието на јавноста за нереализирањето на ниту еден проект во општина Прилеп од страна на Владата на Зоран Заев.

Тој додава дека поднесената кривична пријава од СВР Прилеп веќе еднаш била поднесена до Јавното обвинителство и таа била отфрлена како неоснована.

„Имено, продажбата на овие 2 стана како и останатите станови во државна сопственост е извршено согласно важечките законски и подзаконски акти. Имено ова право на Министерот за транспорт и врски е определено согласно Закон за продажба на станови во општествена сопственост, Одлука  за продажба на станови кои, права должности и одговорности во поглед на располагањето  има Република Македонија  ( Службен весник бр. 68/92 и 62/03) донесена согласно член 2 од горенаведениот Закон  и Решение за овластување за потписник за склучување на договори за купопродажба на станови од 24.10.2006 година“, вели во писмената изјава Миле Јанакиески.

Екс министерот заедно со изјавата до јавноста испрати и фотокопија од „Службен весник“, каде е објавена одлука за продажба на станови во државна сопственост.

СВР Прилеп кривичната пријава против Миле Јанакиески и уште три лица ја поднесе за злоупотреба на службената положба.

Според пријавата Јанакиески во периодот од 2007 до  2010 година без одлука на Владата која била сопственик на станови во т.н. пензионерска зграда во Прилеп, склучил договор за купопродажба на два стана со лицата кои биле корисници на становите.

Според извори од истрагата, второпријавениот бил нотар, третиот осомничен поранешен државен правобранител, Стеван Трајкоски, а четврта е актуелната државна правобранителка, Валентина Јорданоска, кои имале задача да ја испитаат законитоста за склучување на договорите, но не преземале мерки за заштита на државниот имот. На тој начин овозможиле да бидат откупени становите по повластени цени и го оштетиле државниот буџет за 42.000 евра.

Кривична пријава Миле Јанакиески Прилеп станови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.