Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, однесувањето на Северна Кореја е загрижувачко и претставува глобална закана и затоа смета тој, потребен е глобален одговор.
Во интервју за Би-Би-Си, Столтенберг одби да каже дали на територијата на Гуам, која се наоѓа во непосредна близина на Јапонија и претставува база на САД, има припадници на НАТО, и повтори дека нападот врз една членка на НАТО е напад врз сите други.
„Во моментов сме фокусирани на мирно решавање на проблемот“, вели Столтенберг.
Од друга страна, врховниот лидер на Северна Кореја, Ком Јонг Ун, според јужнокорејските медиуми, побарал уште поголемо збогатување на нуклеарната програма на неговата држава.
Неговиот однос кон САД и глобалните сили е загрижувачки и веќе неколку пати тестираше нуклеарни ракети кои за НАТО и ОН се загрижувачки тестови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во неколку наврати, како и неговиот заменик Мајк Пенс, од Ким Јонг Ун побараа разум, бидејќи како што рекоа тие, ќе се соочат со разорна моќ доколку го нападнат САД или нивните сојузници.