Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Лацио го „прегази“ Милан, хет-трик на Имобиле (Видео)

0
By Нова ТВ on September 10, 2017 СПОРТ
Фото: twitter.com/OfficialSSLazio
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 10, 2017 22:09

Паузата за репрезентативни активности, се чини, не годеше за екипата на Милан за која ниту 200. милиони евра вредни засилувања од преодниот рок не беа од помош за избегнување на дебакл во Рим. Лацио ги декласира „росонерите“ со 4:1 во меч од третото коло во Серија А и со уверливата партија на „Олимпико“ даде до знаење дека се наоѓа во одлична форма.

https://www.youtube.com/watch?v=N2Wp2Jl1aRo

„Небесно-синиот“ дел од Вечниот град го слави капитенот Чиро Имобиле кој трипати ја проби гостинската одбрана на „командантот“ Леонардо Бонучи. Италијанскиот репрезентативец погоди во 38 минута, в0 42 минута и во 48 минута, две минути по комплетирање на хет-трикот дојде реализација и од Луис Алберто. Почесниот погодок за тимот од Милано беше дело на Рикардо Монтоливо во 56 минута.

Најубедливата победа во третата рунда во продукција на Фиорентина. „Виолетовите“ од Фиренца испалија „петарда“ на „Бентегоди“ во Верона против истоимениот домаќин за прва радост во новата сезона. Голеадата ја отвори Џовани Симеоне уште во втората минута на кого се надоврзаа Сирил Теро во десеттата., Давиде Астори во 24., Џордан Верето во 62. и Жил Бастиао Диаж во 89.

Удинезе ја порази Џенова на Горан Пандев со 1:0. Јанкто во 16 минута го постигна единствениот гол на стадионот „Фриули“ во Удине. Предводникот на македонскиот национален тим беше стартер кај џеновјаните и одигра 39 минути. Неговата замена беше принудна за тренерот Иван Јуриќ кој мораше да реагира по исклучувањето на Андреа Бертолачи две минути претходно.

Серија А, 3 коло

Беневенто – Торино 0:1

Лацио – Милан 4:1

Верона – Фиорентина 0:5

Удинезе – Џенова 1:0

Калјари – Кротоне 1:0

Аталанта – Сасуоло 2:1

Интер – Спал 2:0

Јувентус – Киево 3:0

Болоња – Наполи (во тек)

Сампдорија – Рома (одложено поради дожд)

Табела: Јувентус 9, Интер 9, Лацио 7, Торино 7, Наполи 6 (-1), Сампдорија 6 (-1), Милан 6, Болоња 4 (-1), Спал 4, Рома 3 (-1), Фиорентина 3, Удинезе 3, Аталанта 3, Киево 3, Калјари 3, Џенова 1, Сасуоло 1, Кротоне 1, Верона 1,  Беневенто 0.

Лацио Милан Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.