Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да го видиме детето, а не попреченоста

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 11, 2017 14:27

Под мотото „Види го детето, не попреченоста“, канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска ја промовираше македонската верзија од Меѓународната класификација на функционирање, што се очекува да направи промена во начинот на кој се гледа и се одговара на потребите на децата со попреченост.

Премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на промоцијата најави дека Владата се определи за инклузивно општество на граѓани со еднакви услови за живот и затоа, ќе го гледаат детето, а не попреченоста.

– Мајка на четиригодишно девојче со Даунов синдром пред извесно време ме праша, дали мојата ќерка некогаш ќе може да работи. Ова прашање на загрижената мајка е наша обврска да одговориме дали е достижно да се справиме со ваквите предизвици. Тврдам оти тоа е достижно, истакна Заев.

Достижно е, рече, ако го пренасочиме нашиот поглед кон целта за која денеска говориме, а тоа е да овозможиме општество без пречки за лицата со попреченост, рече премиерот.

Заев истакна дека Владата го поддржала меѓународниот документ на УНИЦЕФ, Меѓународната класификација на функционирање, базирана на пристапот што децата можат, место што не можат.

Тој рече дека преку Министерството за труд и социјална политика се работи на формирање на две пилот комисии за функционална проценка на способностите на децата со попреченост, што од следната година ќе работат во два региони во Македонија, кои ќе ги следат децата со пречки во развојот. Ваквиот пристап, да се утврдат нивните способности, место фокусирасе на нивните слабости, ќе овозможи да им се обезбеди соодветно образование на овие деца.

Според него, тие сами или со соодветна поддршка ќе бидат активни на пазарот на трудот и ќе придонесуваат во семејството, а со тоа ќе придонесуваат во развојот и унапредување на општеството.

Заев истакна дека е почнат и процес на деинституционализација,и место институции во кои се сместени стотина деца, ќе се формираат мали групи со по пет деца кои ќе добиваат соодветна стручна и здравствена поддршка и оти за овој проект веќе се обезбедени средства во буџетот за 2018 година.

Истакна дека Република Македонија е потписничка на меѓународната конвенција на правата на лица со попреченост, и оти обврска на државата е да им овозможи на овие наши сограѓани квалитетен живот и функционалност во секојдневното живеење. – Многу наши сограѓани со попречености не се функционални поради недостигот на соодветни и технични услови во средината во која што живеат, додаде Заев.

Тој наведе анкета на УНИЦЕФ според која на прашањето дали вашето дете некогаш се дружело со некое друго дете или возрасен со попреченост, дури 79 проценти рекле не.

Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, истакна дека во земјата има околу 21.500 деца кои имаат некаква попреченост.

Најлошото е тоа што во руралните средини децата се скриени од заедницата поради срам и стигма, или пак чмаат во студените осамени институции како во Демир Капија, каде не добиваат љубов и внимание, за кои најсигурно знаеме дека се накпотребни на секое дете.

Според него, тоа може да се промени преку системски реформи и кампањи за подигање на свеста.

Меѓународниот експерт Андреас Мартинуци истакна дека МКФ не е волшебно стапче, туку начин на гледање на функционалноста и попреченоста во согласност со конвенцијата на ОН.

деца со попреченост Зоран Заев проект УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.