Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Вербален судир на пратениците од опозицијата со Џафери

0
By Нова ТВ on September 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 13, 2017 14:09

Пратениците од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, дојдоа до вербален судир со претседателот на Парламентот, Талат Џафери пред говорницата откако тој не го прифати барањето на пратеникот Илија Димовски за пауза.

На денешната седница на која на дневен ред се неколку точки, ставено е и првото читање на Законот за употреба на јазиците, за кои партијата ВМРО-ДПМНЕ, уште додека законот беше во Комисијата за европски прашања, бараше да не се носи законот и особено да се тргне европското знаменце од него, како приоритетен закон.

По барањето на денешната пленарна седница, од страна на Илија Димовски, законот да се тргне од дневен ред, мнозинството пратеници го отфрлија предлогот.

Сите координатори на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ бараа да се симне законот од дневниот ред. Тие велеа дека законот не може да има европско знаменце оти не е наведено со кој пропис на ЕУ се усогласува, како и дека е прекршен Деловникот, оти не бил даден во Комисијата за политички систем како матична комисија, туку на Комисијата за европски прашања.

По десетина минути расправа на опозициските пратеници со Џафери, на крај собранискиот спикер се согласи на пауза со цел да се смири тензијата.

„Кога ја примив должноста како претседател, кажав ова или ќе биде Собрание или нема да го има. Физички ова Собрание постоело и ќе постои, но функционално за да го има своето место и улога, треба дасе работи како што е пропишано. Димовски побара процедурално, а потоа мојот драг колега не побара пауза. После неколку пати укажување дека му заврши говорот, тој побара пауза. Сметам дека нема потреба за тоа и уште еднаш ќе укажам. Не може да се наметне одлука по притисок и начинот на кој 50 пратеници доаѓате тука без ред“, им порала Џафери на своите колеги пред да ја прекине седницата.

Следува видео од инцидентот…

 

 

ВМРО-ДПМНЕ закон за употреба на јазиците Илија Димовски пратеници Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.