Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аврамопулос: Да се укинат вонредните контроли, бегалската криза помина

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 13:27

Комесарот на ЕУ за миграција Димитрис Аврамопулос изјави дека не треба да бидат продолжени вонредните контроли на границите внатре во шенгенската зона, бидејќи бегалската криза поминува.

ЕУ претходно им дозволи на членките на Шенген, Австрија, Данска, Германија и Шведска, како и на Норвешка која не е во ЕУ, да воведат проверки на своите граници од безбедносни причини.

Аврамопулос рече дека проверките биле оправдани, но дека причините поради кои се воведени веќе не постојат.

-Верувам дека е време да се вратиме на нормалното функционирање на Шенген, рече еврокомесарот пред новинарите.

Аврамопулос оцени дека спогодбата на ЕУ и Турција за намалување на бројот на нелегални мигранти добро функционира и дека минатиот месец од Турција во Грција дошле 81 отсто помалку мигранти во однос на август лани.

-Во текот на изминатите две години работевме во кризен режим, сега е време да излеземе од кризата, изјави Аврамопулос.

Системските проверки се забранети внатре во Шенген зоната, во која се применува безвизниот режим на патување. Вонредните контроли меѓутоа се воведени во мај 2016 година, една година откако во Европа дојдоа околу милион мигранти, и од тогаш се двапати продолжувани.

Ова прашање стана една од главните теми на изборната кампања во Германија, а канцеларката Ангела Меркел се залага за продолжување на контролите и по 11 ноември, кога ситекува важноста на оваа мерка.

бегалска криза Димитрис Аврамопулос ЕУ мерки на проверка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.