Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Битка за Лондон“: Челзи и Арсенал без муниција на „Стемфорд бриџ“

0
By Нова ТВ on September 17, 2017 СПОРТ
Фото: twitter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 17, 2017 18:02

Челзи и Арсенал одиграа 0:0 во дербито на петтото коло во Премиерлигата. „Топчиите“ беа за нијанса поблиску до трите бода според создадените шанси на „Стемфорд бриџ“, а притоа го одиграа и најдобриот меч во дефанзива во сезоната. Ремси погоди статива во прво полувреме, по него и Лаказает промаши зицер, Мустафи постигна гол во второто полувреме што беше поништен поради недозволена позиција. И „сините“ се заканија неколкупати во текот на средбата пришто за издвојување е ситуацијата „очи во очи“ на Педро со Петр Чех во првото полувреме и ударот на Еден Азар во второто, меѓутоа мрежите во западен Лондон мируваа.

Во отсуство на голови, епитетот „играч на дербито“, во негативен контекст, го понесе Давид Луиз. Бразилецот во вториот дел собра два жолти картона од судијата Мајкл Оливер. Првиот го доби во 52 минута при обидот да поентира со „ножички“, но наместо топката го закачи Кошчелни, кој за среќа мина без последици, вториот го заработи во 87. по стартот со отворен ѓон врз Сеад Колашинац.

Челзи за првпат не успеа да постигне гол на домашен терен по 27 меча под водство на Антонио Конте. Затоа продолжи со негативниот тренд на исклучувања во дуелите со Арсенал. Мозес „поцрвене“ во финалето во ФА купот на 27 мај, Педро во „Комјуниту шилд“ мечот на 6 август и сега Давид Луис.

Арсенал, пак, за првпат успеа да сочува „чиста“ мрежа на „Стемфорд бриџ“ во премиерлигашки настап од 2005 година.

„Сините“ во нареднит викенд ќе гостуваат на стадионот „Британија“ на екипата на Стоук додека „топчиите“ ќе играат на „Емирати“ против ВБА.

Премиерлига, 5 коло

Челзи – Арсенал 0:0

Манчестер јунајтед – Евертон (во тек)

Тотенхем – Свонси 0:0

ВБА – Вест Хем 0:0

Вотфорд – Манчестер сити 0:6

Њукасл – Стоук 2:1

Ливерпул – Барнли 1:1

Хадерсфилд – Лестер 1:1

Кристал палас – Саутемптон 0:1

Борнмут – Брајтон 2:1

Табела: Манчестер сити 13, Манчестер јунајтед 10 (-1), Челзи 10, Њукасл 9, Тотенхем 8, Хадерсфилд 8, Барнли 8, Ливерпул 8, Саутемптон 8, ВБА 8, Вотфорд 8, Арсенал 7, Стоук 5, Свонси 5, Лестер 4, Брајтон 4, Евертон 4 (-1), Вест Хем 4, Борнмут 3, Кристал палас 0.

Арсенал Преиерлига фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.