НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига куп: Лидс на Алиоски во осминафинале, Ливерпул во аут (Видео)

0
By Нова ТВ on September 20, 2017 СПОРТ
Фото: si.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидс ја мина и третата пречка во англискиот Лига куп. Тимот на Езџан Алиоски во шеснаесетфиналето го елиминира Барнли на пенали со 5:3 по нерешените 2:2 во основните 90 минути и мирните мрежи во продолженијата. Македонскиот репрезентативец беше меѓу резервите, во игра влезе во 104 минута и доби доверба да биде еден од петте изведувачи на удари од белата точка на што возврати со погодок. Лидс претходно ги елиминира Порт Вејл во првото коло со 4:1 и Њупорт во второто со 5:1.

https://www.youtube.com/watch?v=GFZcC_onjZs

Во дербито на вечерта Лестер го совлада Ливерпул со 2:0 и направи Јирген Клоп да има „проблем помалку“ во продолжение на сезоната. Двата гола на „Кинг Пауер“ стадионот беа постигнати во второто полувреме. Најпрво погоди Оказаки во 65 минута, а 13 минути подоцна му асистира на Слимани во триумфот на „лисиците“. За „црвените“ од „Енфилд“ ова е четврти натпревар во низа без победа по поразите од Манчестер сити и Барнли во Премиерлигата и ремито со Севилја во Лигата на шампиони.

https://www.youtube.com/watch?v=DVLLzkF_JdA

Уште три екипи од највисокиот ранг во англискиот фудбал го завршија настапот во натпреварувањето покрај Барнли и Ливерул од кои две се елиминирани во премиерлигашки пресметки. Борнмут со гол во продолженијата го совлада Брајтон со 1:0, а со ист резултат во рамки на 90 минути, Кристал палас беше подобар од Хадерсфилд. Членот на Чемпионшип конкуренцијата, Бристол роверс, пак, со 2:0 го порази Стоук.

Лига куп – шеснаесетфинале

Тотенхем – Барнсли 1:0

Ридинг – Свонси 0:2

Вулверхемптон – Бристол роверс 0:0 – по продолженија 1:0

Вест Хем – Болтон 3:0

Лестер – Ливерпул 2:0

Кристал палас – Хадерсфилд 1:0

Барнли – Лидс 2:2 – на пенали 3:5

Бристол сити – Стоук 2:0

Брентфорд – Норич 1:3

Борнмут – Брајтон 0:0 – по продолженија 1:0

Астон Вила – Мидлсборо 0:2

Среда

Арсенал – Донкастер (20,45 ч.)

Челзи – Нотингем форест

Евертон – Сандерленд

Манчестер јунајтед – Бартон (21 ч.)

ВБА – Манчестер сити

Езџан Алиоски Ливерпул Лидс ФА куп фудбал Шеснаесетфинале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.