НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Ако ВМРО ДПМНЕ ги изгуби локалните одговорен е претседателот

0
By Нова ТВ on September 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Алсат М на прашањето дали е подготвен да си поднесе оставка од челната позиција во партијата доколу партијата ги изгуби изборите, кусо одговори: “Претседателот на партијата ја носи најголемата одоворност”.

Во емисијата „200“ тој рече дека сега кога се во опозиција имаат време да си ги осознаат пропустите и слабостите и да ги поправат.

Тој и натаму инсистираа дека во нивното 11 годишно владеење преовладувале добрите работи што ги направиле, иако како што рече „сигурно направиле и некоја грешка“.

– Размислувавме за се што се случувало во минатото, каде биле нашите слабости, каде биле нашите предности и се фокусиравме на иднината, на она што треба да се направи за и понатаму да се подобрува животот на граѓаните, да се големува животниот стандард, и да се решаваат нивните проблеми, а државата да оди напред и да тане членка на НАТО и ЕУ, рече Груевски.

Тој не го променил ставот ниту за тнр.бомби што ги објави опозицијата и повторно укажуваше дека се дело на странски служби, истовремено негирајќи ја нивната содржина како „средство за уривање на кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ, преку креирани, честопати сечени материјали, со коишто требаше да се прикаже друго лице на партијата и на раководството“.

-Подоцна се виде дека и однатре, поединци во МВР, раководени од лица, поранешни функционери на СДСМ, работеле на незаконско снимање на материјалите, што подоцна се искористи во правец на декредибилизирање и уривање на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше очевидни докази – скајп коуникација која излезе во јавноста, имаше признанија на поединци пред Обвинителството. Тоа се непобитни факти, рече Груевски.

Во врска со актуелното прашање за измените во законот за употреба на јазиците, Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заендици во Mакедoнијa вклучувајќи ја и албанската етничка заедница.

Тој посочи дека во 2008 во времето на Владата на ВМРО ДПМНЕ за првпат  се донесе Законот за употреба на јазиците, но дека сега се залагаат е „да не се случи да се донесе закон кој  што што ќе биде против уставен и кој подоцна може да се случи да падне на Уставен суд“.

Грижата на неговата влада за албанското население тој ја опиша со тоа што „вложиле 400 милиони евра за автопати каде доминантно население се Албанците“.

На новинарско прашање како реагира на изјавите на Гордана Јанкулоска која Албанците ги викаше Индијанци, Груевски рече:

-Не знам дали ги нарекувала така, станува збор за креирани материјали, но не знаме како СДСМ ги нарекува. Станува збор за креирани материјали. Ги осудувам сите навреди кон било кои луѓе, ако има навреди кон Албанците ги осудувам тие навреди, рече Груевски.

Алсат М бoмбите Закон за јазици интервју локални избори 2017 Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.