НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Македонија со Аријан Адеми против Италија и Лихтенштајн

0
By Нова ТВ on September 25, 2017 СПОРТ
Фото: sport.aktuality.sk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аријан Адеми се враќа во репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на Динамо Загреб е на списокот со 23 фудбалери на кои смета селекторот Игор Ангеловски за дуелите со Италија во Торино (6 октомври) и со Лихтенштајн во Струмица (9 октомври), последни во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. Неговото отсуство од националниот тим се должеше на двегодишната суспензија што ја доби за позитивен допинг наод по дуелот со Арсенал во групната фаза во Лигата на шампиони во 2015 година.

Во националниот тим се враќа и Ферхан Хасани. Капитенот на Шкендија поради повреда ги пропушти мечевите со Израел и со Албанија во септември, а по надминување на проблемите повторно се става на располагање на стручниот штаб.

Фото: ffm.mk

Четворица од повиканите 23 играчи нема да бидат во комбинација за натпреварот со „азурите“. Стефан Ристовски и Кире Ристевски ќе паузираат поради жолти картони, Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев ќе бидат под команда на Благоја Милевски во младата селекција за мечот со Србија. Нивното приклучување кон А тимот е најавено за настапот на „Младост“ во Струмица. Од септемврискиот ростер воопшто ги нема Давид Бабунски, Дени Илиев и Мите Цикарски кој беше дополнително повикан по откажувањето на Хасани.

Собирот на фудбалската репрезентација e закажан на 2 октомври во Скопје.

Состав на Македонија за дуелите во Италија (6 октомври, Торино) и со Лихтенштајн (9 октомври, Струмица) во квалификациите за СП 2018

Голмани

Столе Димитриевски (Гимнастик Тарагона/Шпанија)

Давид Митов Нилсон (Норчепинг/Шведска)

Дамјан Шишковски (Работнички)

Одбрана

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон/Португалија)

Кире Ристевски (Вашаш/Унгарија)

Дарко Велковски (Вардар)

Ѓоко Зајков (Шарлроа/Белгија)

Кристијан Тошевски (Пелистер)

Висар Муслиу (Вардар)

Среден ред

Стефан Спировски (Ференцварош/Унгарија)

Езџан Алиоски (Лидс, Англија)

Енис Барди (Леванте/Шпанија)

Никола Ѓорѓев (Твенте/Холандија)

Љупчо Дориев (Академија Пандев)

Бобан Николов (Вардар)

Елиф Елмас (Фенербахче/Турција)

Аријан Адеми (Динамо Загреб/Хрватска)

Напад

Горан Пандев (Џенова/Италија)

Илија Несторовски (Палермо/Италија)

Александар Трајковски (Палермо/Италија)

Ферхан Хасани (Шкендија)

Иван Тричковски (АЕК Ларнака/Кипар)

Марјан Радески (Шкендија)

Аријан Адеми Квалификации СП 2018 Македонија репрезентација фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.