НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка

0
By Нова ТВ on September 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР соопшти дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и уште други две лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од февруари 2014 година до 10.06.2017 година, МВР ги сомничи пријавените дека со неизвршување на својата службена должност овозможиле на родители на ученици од ул. „Единство“ и место викано „Лепојки“ во Крива Паланка  да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 277.120 денари.

– Во наведениот период Д.Р. во својство на директор на ООУ “Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка и А.А. во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, и Б.С. во својство на претседавач на Советот на општина Крива Паланка по претходно спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка (превоз на ученици), склучиле Договор со избраниот најповолен понудувач АД “Пролетер“ од с.Конопница, кривопаланечко, во кој било предвидено квалитативна контрола на училишниот превоз да врши набавувачот -Општина Крива Паланка, преку Овластено лице од директорот на ООУ„Јоаким Крчовски“ Крива Паланка и преку овластен инспектор за патен сообраќај, како и од Комисија формирана од членови на Општина Крива Паланка и претставници од образовните установи.

– Од страна на пријавените не било постапено согласно договорот. Не била формирана ниту една Комисија, не била извршена ниту една контрола, не бил назначен инспектор за патен сообраќај, не бил изготвен ниту еден Записник, иако превозот на ученици се одвивал без да бидат исполнети законските услови – местото на живеење на учениците не им е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште т.е. живееле поблиску и користеле бесплатен превоз.

– Пријавените со неизвршување на својата службена должност овозможиле родителите на учениците од  Ул.„Единство“  и место викано „Лепојки“ во Крива Паланка да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од околу 277.120 денари, за кој што износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија, се вели во објаснувањето од МВР за кривичните пријави.

Арсенчо Алексовски градоначалник злоупотреба Крива Паланка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.