Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет ден програма на фестивалот „Браќа Манаки“

0
By Нова ТВ on September 25, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 25, 2017 15:01

Во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“, денеска во Битола во големата сала на Центарот за култура започна Детската програма и ученици од неколку основни битолски училишта.

На програмата се „Трага од Дивеч“ кој е дел од официјалната компетиција, на Јоланта Дилевска, која прв пат учествуваше на фествалот во 2006 година, со филмот „Момчето на галопирачкиот коњ“, а има освоено и Златна и и Сребрена Камера 300.

Филмот „Трага од дивеч“ е во режија на Агњешка Холанд, а се работи за втора соработка на Јоланта Дилевска со таа режисерка.

Одбележувајќи јубилеј од 70 години, фестивалот на фестивалот се прикажува и новиот документарен филм „Тоа беше добар филм“ во продукција на МРТ, кој е реализиран со помош од Кинотека на Македонија.

Се работи за документарен филм составен од интервјуа со актуелни филмски работници од Македонија, како и инсерти од постари архивски материјали на филмови и личности од македонската филмска индустрија.

Синоќа во чест на големиот италијански мајстор на кинематографијата, Џузепе Ротуно, добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело на 38. ИФФК „Браќа Манаки“, во малата сала на Центарот за култура во Битола, мастерклас одржа неговиот некогашен студент и актуелен член на жирито за главните награди на фестивалот, кинематограферот Лука Коасин.

Со приказ на повеќе документарни фотографии и инсерти од филмските ремек-дела, кинематограферот Коасин ги откри тајните на карактерот и на занаетот на еден од најзначајните италијански мајстори на кинематографијата, Џузепе Ротуно, главно зборувајќи за неговата работа со легендарните Лукино Висконти и Федерико Фелини, но беа откриени детали и од работата со режисерите Роберто Роселини, Виторио де Сика, Боб Фос, актерите Марчело Мастројани, Клаудија Кардинале, Ален Делон и многу други.

Од официјалната програма, денеска на програмата се филмовите „Жаба“ и „Од ништо“, како дел од официјалната компетиција за „Златна камера 300“.

Браќа Манаки фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.