НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осудените во политички монтираните случаи ќе добијат втора шанса

0
By Нова ТВ on September 25, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопственик на телевизија, синдикален лидер, новинар, претседател на Совет на општина, студенти, лидер на опозиција, политичари и многу други граѓани обвинети и осудени во контроверзни случаи кои беа апсени и спроведувани во судот  беа изложени на јавна осуда уште пред воопшто за нив да постои некакво обвинение ќе добијат можност да побараат повторување на судската постапка.

Уште пред да започне секој од овие случаи и многу други, беше медиумски експониран, а Министерството за внатрешни работи преку нив испраќаше порака дека се бори со криминалот и корупцијата во државата.

https://www.youtube.com/watch?v=ZcIUBUIaUaY

Оваа можност се предвидува со  Законот за преиспитување на судски одлуки со кои се прекршени човекови слободи и права кој се уште е во нацрт верзија, а го изготви Комитетот за заштита на правата.

„Овој тип закони се ад-хок закони и секогаш во историјата на државата и правото се донесуваат вообичаено по владеењето на еден тирански режим. Македонија од 1991 година таков закон нема донесено, бидејќи во нормална држава функционираат и Уставот и законите. Овој закон ќе има важност од една година и ќе им овозможи на сите луѓе, чии права биле повредени во судските постапки, да добијат можност за повторување на истите постапки“, вели за НОВА ТВ, Слободан Богоевски  кој е член на Комитетот за заштита на правата.

Тој додава дека за повторно да се отвори еден случај во постапката ќе треба да биде повредено правото на презумција на невиност, ако во постапката се јавува заштитен сведок, ако има нееднаквост на оружјата во судската постапка, ако случајот се темели со злоупотреба на материјал од пи мерки.

Богоевски објаснува дека речиси во секој политички монтиран случај постои „заштитен сведок“, кој уствари е полициски агент или провокатор и нема никаква врска со случајот, туку е подготвен од лицата кои ја организираат целата работа. Богоевски вели дека во многу ситуации во овие случаи, дозволите за прислушување ги издавале судови кои воопшто не биле надлежни за тоа.

Според нацрт верзијата на законот, барањето за повторување на постапката, осудениот или пак член на неговото семејство ќе треба да испрати до надлежниот суд кој ја донел првичната одлука. Потоа судот барањето го испраќа до Јавното обвинителство кој во рок од 15 дена треба да даде свое мислење, односно да каже дали се откажува од постапката, да го дополни или преиначи  обвинението.

Дали ќе се дозволи или нема да се дозволи повторување на постапката во овие случаи ќе одлучува судија и судски совет од надлежниот суд, но во ниту еден случај, во постапката нема да може да биде вклучен и оној судија или судски совет кој веќе еднаш донел одлука за овој предмет.

Како што вели Богоевски, ако се донесе одлука за повторување на постапката ќе се укинат сите претходни мерки донесени за овој предмет. Според него, ова ќе биде од корист за семејствата и за жртвите кои биле осудени во вакви случаи. Тој вели дека според досегашните пресметки и анализи на случаите очекуваат да се повторат околу 30 до 35 случи.

„Едноставно не може да се прават никакви реформи во правосудството, ако претходно не ги расветлиме овие случаи кои оставаат една голема дамка во правосудството. Во изминатите десет години во Македонија, вакви случаи има многу. Многу луѓе ги изгубија и животите и здравјето, но и имотот поради политички монтирани случаи. Оваа неправда мора да се исправи. Овој закон треба да им ја врати вербата на граѓаните во правосудството и дека постои можност за фер судење.

И универзитетските професори Љубомир Фрчкоски и Беса Арифи сметаат дека без расчистување на политички монтираните случаи не можат да се спроведат вистински реформи во судството. Тие на оваа тема зборуваа на трибина која ја организираше Комитетот за заштита на правата.

„Најтежок во таа група закони е обнова на постапката. Се поставува прашањето кои постапки да се повторат. Сите сметаат дека се неправедно осудени. Тоа е огромен број и постои опасност да заглавите и да ви пропадне проектот“, вели Фрчкоски.

И професорката Беса Арифи смета дека без наоѓање на правда за тие случаи не може да се каже дека правдата на кој било начин ќе се воспостави во Република Македонија.

„Не може да се воспостави ни довербата кон судството и кон државните органи сѐ додека за овие случаи што ги знаеме како монтирани случаи не се овозможи повторно судење“, рече Арифи.

Пред да се испрати во Владата, овој закон треба да го разгледа и Советот за реформи во правосудството. Откако ќе биде одобрен на Влада, законот ќе биде испратен во Собранието каде ќе се гласа со обично мнозинство.

Овој закон е дел од пакетот закони кои итно треба да се изгласаат. Заедно со овој закон е и Законот за амнестија, законот за поништување на лустрацијата и Законот за отворање на досиејата на заштитените сведоци.

граѓански суд закон за повторувањена постапката Кривичен суд монтирани случаи Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.