Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено судењето на Груевски за Центар, Фетаи укажа на застарување

2
By Нова ТВ on September 28, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: сдк.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 28, 2017 11:36

Поради отсуство на двајца од 13 обвинети, денешното судење за случајот за нарачаните шамари во Центар е одложено за 20 ноември.

Во судот беше присутен поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој е првообвинет, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други обвинети, но поради неоправдано отсуство на обвинетиот Димче Крстев, обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи побара на следното рочиште тој да биде стражарно приведен.

Судијката Татјана Михајлова околу половина час ги легитимираше присутните обвинети и нивната одбрана како и сведоците и оштетени, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и останати вработени од општината, и бараше термин за презакажување, со напомена дека до 8 ноември судницата не била слободна.

-Година и два месеци главната расправа судија не почнува. Предметот ќе ни застари. Имаме обвинение и вие треба да постапите. Не не интересира нас дали судницата е слободна или не. Вие треба да најдете судница и да обезбедите услови за одржување на процесот. Нема смисла волку да ги малтретираме сведоците, рече Фетаи.

Михајлова на крајот на рочиштето на обвинителеката Фетаи и даде три поднесоци од Апелациониот суд со кои појаснува зошто на минатото рочиште не бил предметот во судот. Ова за Фетаи е само обид за оправдување на судијката за непотребно одолговлекување на постапката. „Секој си одговара за своите постапки“ додаде Фетаи.

Обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски побара да се суди секој ден.

-Судењето се одложи поради неисполнување на законските одредби. Како што рече судијката, ако даде господ следното ќе се одржи. Господ сигурно нема да помогне, ако судот не ги исполни законските одредби. Конкретно ние побаравме стражарно приведување на еден обвинет, а дали судот ќе прифати ќе видиме, изјави Фетаи по излегувањето од Судот.

Насилниците мора да одговараат и да завршат таму каде што им е местото, изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

– Груевски би влегол во новата ера, но со старото судство, со неговото судство. Она што го најавив во неколку прилики е тоа што обрачот се стега. Денеска, конечно падна одлука наредниот пат да започне расправата, што значи дека повеќе нема бегање и тоа е добра вест, рече Жерновски.

Тој посочи дека и тој и останатите советници и вработени во општина Центар, очекуваат поради правдата во Република Македонија да започне овој предмет и да заврши како што треба, а тоа е да бидат казнети сите кои го организирале нападот.

По излегувањето од судот, Груевски не даде изјава.

Насилствата во општина Центар се случија во 2013 година кога група граѓани се собраа пред општината за да ја „одбранат“ изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. За овој случај беа објавени и прислушувани разговори во кои се слушаше како тогашниот премиер Груевски, нарачува шамари за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

За случајот со нарачаните шлаканици, СЈО поднесе обвинителен предлог на 15 септември минатата година.

Во меѓувреме, Апелација донесе одлука да ја уважи жалбата на Специјалното јавното обвинителство и прифати „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата да можат да бидат доказен материјал за предметот поврзан со насилството во општина Центар.

Основниот суд Скопје 1 ги отфрли во декември 2016 година.

Во „бомбите“ што ги објавуваше премиерот Зоран Заев, како лидер на опозицијата, објавен беше разговор во кој тогашниот премиер Никола Груевски нарачува некој да му „врзе три-четири шамари“ на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Груевски Жерновски одложување СЈО Шамари во Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив: Полицајците избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Кијив: Полицајците избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.