Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Награди за македонски стрип-автори на фестивал во Србија

0
By Нова ТВ on September 30, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 30, 2017 16:05

Во рамки на манифестацијата Салон на стрип Белград, на меѓународниоот натпревар кој се одржува овој викенд по 15-ти пат, дел од наградите отидоа за автори од Македонија.

Младата Калина Печевска од Скопје ја освои наградата „Млад лав“ за стрипот „Отфрлената жена“, за најдобар учесник во категоријата до 15-годишна возраст, додека Марија Стојановска, исто така од Скопје, за стрипот „Кафе на ѕидот“ се закити со награда од спонзорот на манифестацијата „Сириус продакшн“.

Стрип центарот на Македонија – Велес, на натпреварот организирано испрати петнаесеттина стрипа на млади македонски таленти, бидејќи претходно максимум 4 до 5 Македонци учествуваа на овој натпревар.

„Стрип центарот на Македонија од порано практикува организиран настап на вакви меѓународни конкурси и фестивали, пракса што започнуваме да ја интензивираме и прошируваме. Конкретно, испраќаме стрип-дела на лица со кои СЦМ соработува, пред сѐ млади стрип-автори. Реалните факти посочуваат дека македонската стрип-сцена недоволно е застапена на вакви настани во странство. Во моментов, освен на фестивалите во Лесковац и Призрен, поискусните стрип-автори не учествуваат на други конкурси“, вели проектниот координатор Томе Трајков.

Покрај двете наградени, во официјалната селекција од сто најдобри стрипа изложени на манифестацијата влегоа и македонските автори Катерина Николовска, Мирко Бојаџијевски, Евгенија Трајковска, Катерина Апостолска, Стефанија Ристовска, како и Александар Стеванов, годинашниот лауреат на Признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија „Љупчо Филипов“, кое кон средина на идниот месец ќе биде доделено на Меѓународниот салон на стрип – Велес 2017.

автори стрип фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.