Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите, заврши 38.издание на Браќа Манаки

0
By Нова ТВ on October 1, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 1, 2017 09:59

Кинематограферот во филмот „Месечината на Јупитер“, Марсел Рев од Будимпешта, кој годинава се натпреваруваше и на филмскиот фестивал во Кан, е добитник на наградата златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“.

Претседателот на меѓународното фестивалско жири, норвежанецот Пол Рене Ростад, рече дека Рев наградата ја добил заради визуелната енергија и исклучителната креативност во пренесувањето на приказната низ моќни слики.

„Не подготвив говор. Не очекував дека ќе добијам вака високо признание. Конкуренцијата за награди беше голема, а јас се чувствувам прекрасно што сум тука, честитам на сите. Прекрасно беше да се биде во Битола и благодарам на битолската публика. Оваа награда му припаѓа на целиот тим што го подговуваше филмот“, изјави Рев.

Тој дипломирал на Унгарската академија за филм и драма, отсек кинематографија и освен филмот „Месечината на Јупитер“ во својата кариера снимил 10 филмови од кои пет се долгометражни.

Меѓународното фестивалско жири одлучи сребрената „Камера 300“ да му ја додели на кинематограферот Рајнер Клаусман во чии раце беше камерата за филмот „Од ништо“, додека бронзената „Камера 300“ ја доби кинематограферот Дејан Димески кој го снимаше филмот „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ.

Наградата мала златна „Камера 300“ му припадна на кинематограферот Наум Доксевски за краткиот македонски филм „Види ја ти неа“, а специјално фестивалско признание му беше доделено на кинематограферот од Русија, Данил Фомичев.

На вчерашното свечено затворање на фестивалот, министерот за култура Роберт Алаѓозовски на македонскиот режисер Милчо Манчевски му додели специјална награда златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност и истакна дека овој единствен фестивал посветен на браќата Манаки кои во Битола ги создадоа нивните драгоцени снимки, овозможува ние преку нив и ден денеска да се легитимираме во светот давајќи и на Битола култен статус, како место каде што се свртела првата камера на Балканот.

„Нашите филмски работници уште пред 40 години ги споија овие факти и создадоа бренд што сеуште зрачи со својата единственост меѓу денешниот океан од безброј филмски фестивали во светот. Но освен филмските работници, признание заслужуваат вистинските домаќини на фестивалот – битолската публика. Оваа публика е нашиот центар, оваа публика сме сите ние, токму заради љубителите на уметноста фестивалот треба да продолжи да се развива како грижливо креирана прослава на филмот со возвишена почит кон директорите на фотографија и нивната посветеност во конструкцијата на естетиката на подвижните слики“, истакна министерот Алаѓозовски.

Битола Браќа Манаки Златна Камера 300 филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.