НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Заев – Фуере: „Промените се чувствуваат“

24
By Нова ТВ on October 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев се сретна со поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, денеска во Скопје.

„Се чувствува слобода и отвореност кај граѓаните, поинаква, позитивна клима во државата по демократските промени. Сега треба само да се продолжи процесот што води до перспективи на Република Македонија и на луѓето кои живеат тука“, му порачал Фуере на Заев, соопштија владините служби.

Тој прене дека во Брисел постои охрабрување дека премиерот Заев и новата Влада ја поставиле Македонија на европскиот пат и дека Заев има поддршка за реформите на коишто интензивно работи Владата.

„Посветено работиме на реформите што треба да донесат квалитетен живот за граѓаните и да придонесат во евро-атлантските интеграции. Дел од нив се и реформите во судството. Покажавме дека сме различни и дека нашата цел е да обезбедиме независно правосудство низ транспарентни одлуки во коишто главниот збор го има независната експертска јавност. Но, како Влада цврсто сме определени кон функционирање на правдата. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите“, рекол Заев на средбата.

Тој пред Фуере додал дека властите очекуваат на есен да биде тргната условеноста на препораката на Република Македонија за членство во ЕУ, а во скоро време и отпочнување преговори за членство.

Фуере и Заев, како што соопштуваат владините служби, разговарале и за други прашања од интерес на граѓаните на Македонија, особено за плановите за заштита на животната средина како важен фактор во заштитата на здравјето на граѓаните.

„Поранешниот амбасадор Фуере рече дека ќе продолжи да ги поддржува политиките што носат развој на Македонија. Претседателот на Владата, Заев, во име на граѓаните на Македонија, на Владата и во негово име, се заблагодари на поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава, за неговиот голем придонес  во демократските процеси во Република Македонија, како и за грижата, љубовта и пријателството што ги покажува и негува и денес кон луѓето во државава и кон Македонија“, се вели во соопштението од Владата.

Ерван Фуере ЕУ Зоран Заев реформи средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.