Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведоци:Во базата Брест беа уништени документи по наредба на Грујевски

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 2, 2017 14:02

Првите тројца сведоци во случајот „Тврдина2“ потврдија дека по претходна наредба со две службени возила на МВР во тајната база наречена „Брест“, кај село Петровец, скопско, уништиле материјали кои биле од УБК, а биле сместени во црни кеси.

Началник на базата на МВР во Брест рече дека не знаел каква била содржината на уништениот материјал и дека уништувањето било по наредба на екс началникот на управата, Горан Грујевски, кој е во бегство. Тој, како што рече, му јавил дека е формирана комисија која треба да уништи некакви документи.

-Знам дека беше 2015 година, беше многу топло не се сеќавам на конкретен датум, но знам дека на лице место, кога се палеа документите, имаше канистер со вода и противпоожарен апарат. Една од обвинетите беше и моја секретарка која беше поставена на позицијата по барање на екс началникот, Горан Грујевски, рече сведокот.

Обвинетата М.К.С. која била секретарка на еден од началниците истакна дека иако нејзиниот потпис се наоѓа на документот, со кој се наредува уништување на службениот материјал не знаела дека потпишува таква наредба, а додаде и дека не била член на Комисијата која решава по такви прашања.

-Не знаев дека сум ставена за член на таква пописна комисија бидејќи јас бев само секретарка. Една од обвинетите ми даде да потпишам, меѓутоа ми кажа дека потпишувам нешто што го потпишале сите секретарки – рече обвинетата, која потоа призна дека потпишала и потврда, но не се сеќаваше зошто ја потпишала и кога точно.

Таа појасни дека како секретарка на началникот В.Ц. и било речено кога ќе дојдат преставниците на пописната комсија да ги донесе црните ќеси во кои биле документите за ништење и на сите да им свари кафе, оправдувајќи се дека не знаела што точно има во ќесите.

Денеска, во Кривичниот суд започна главната расправа за случајот „Тврдина 2“, каде 7 лица се обвинети за палење службени документи поврзани со нелегалното пшрисклушување. Првообвинет е Горан Грујевски кому му се суди во отсуство, бидејќи е во бегство откако Апелацискииот суд потврди дека тој треба да биде спроведен во затворот во Шуто Оризари.

Брест Горан Грујевски сведоци судење Тврдина2 уништување документација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.