Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласачки места без пристап за лица со инвалидитет

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 2, 2017 18:48

Училишта, месни заедници, градинки, селски домови, пожарни, библиотеки, амбуланти, судови, студентски домови, приватни објекти. На овие локации ќе се гласа на претстојните локални избори на 15. октомври. Овие локации треба да ги исполнуваат основните услови за остварување на лично, слободно и тајно право на глас на избирачите и тие треба да се адаптираат за пристап и на лицата со поинакви способности.

Така пишува во Изборниот законик, но состојбата на теренот не е демократска во однос на остварување на избирачкото право на сите граѓани. На некои места нема паркинг, на други има рампи, но не се безбедни, на трети нема ни скали…

На изборите на 15. октомври ќе гласаат околу 1.800.000 луѓе во 2061 објекти за гласање. Но, сите гласачи нема да имаат исто избирачко право. Ова го покажува Проценката на Државната изборна комисија што ја направила во соработка со Министерство за труд и социјална политика, повеќе граѓански здруженија и меѓународни организации (Меѓународна фондација за изборни системи-IFES , УСАИД и ОБСЕ) за пристапноста на избирачките места за лица со поинакви способности.

Според добиените резултати од теренското истражување, во 82% од објектите има рамни патишта но откако лицата со поинакви способности ќе стигнат до избирачкото место, само 67%  од избирачките места имаат паркинг простор.

„Ова претставува посебен предизвик за лица овие лица на кои им е посебно важно достапноста на паркинг простор. Но, и во рамките на 1807 избирачки места со расположив паркинг, само во 49% од нив има ознака за лица со поинакви способности“, пишува во извештајот на ДИК.

Анализата покажала и дека на местата каде што има рампи за пристап, некои не се доволно силни и безбедни за гласачите кои ќе дојдат да гласаат во количка.

„Само во 4% од објектите т.е. избирачките места постои универзален знак за пристапност што понатака се потврдува со фактот дека во само 51 % од избирачките места има пристапна рампа. Во местата каде рампата постои во 81% таа е доволно силна и во 77% рампата е доволно широка за лицето со количка да се искачи по неа“, се резултатите до кои дошла ДИК.

Во половина од избирачките места нема скали за да се стигне до просторија за гласање. Ходниците се во најголема мерка расчистени од пречки и овозможуваат слободно движење.

Доколку избирачите со поинакви способности, успеат да стасаат до избирачките места, охрабрувачки е фактот дека во 90% од нив има доволно широка врата за непречено поминување на лице во количка.

При вршењето на проценките на теренот, извршена е контрола само во државни установи, а не и во приватните објекти за гласање, бидејќи ДИК  може да бара и влијае на подобрување на условите само во објектите во јавните институции каде што се наоѓаат избирачките места.

Добиените резултати од анализата ќе послужат како основа за преземање на соодветни активности, за надминување на постоечките пречки за пристапност.

ДИК, како највисок државен орган одговорен за спроведување на избори во Република Македонија, има законска обврска да овозможи остварување на избирачкото право на секој државјанин на Република Македонија кој се стекнал со истото. Согласно Изборниот законик ДИК е должна да обезбеди пристапност до избирачките места и на лицата со поинакви способности и определува локации на кои се означени избирачките места каде што се остварува правото на гласање.

гласање избори инвалидски колички локални избори поинакви потреби пристап
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.