Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО врши претрес во кабинетот на Панчевски

2
By Нова ТВ on October 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 5, 2017 14:43

Во моментов  во кабинетот на Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Специјалното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи вршат претрес, дознава НОВА ТВ.

Според нашите информации, претрес има и во неговиот дом, поради сомение за оддавање на службена тајна, од страна на Панчевски и уште две лица од Кривичниот суд, кои не биле судии. Пред Кривичниот суд дојде и возило на итната помош, бидејќи наводно на Панчевски му се слошило.

Владимир Панчевски четири години беше претседател на Кривичниот суд. Тој според имотниот лист доставен до Антикорупциската комисија е најбогатиот судија, а на неговото богатство кое вреди над едем милион евра можат да му позавидат и некои поимотни бизнисмени. Тој претседателската функција во Кривичниот суд ја презеде во 2012 година, период во кој од бомбите на СДСМ беше обелоденето дека речиси секој судија за да биде именуван бил запишан во тефтерот на екс министерката Гордана Јанкулоска.

Панчевски во изминатава година и половина, откако беше формирано Специјалното јавно обвинителство, постојано е прозиван дека е извршител на нарачките на власта и кочничар за случаите кои ги отвори СЈО.

Од судот на чие чело е тој се одбиваа речиси сите барања за мерки за претпазливост, притвор, увид во предмети, налози за претрес, изземање на судии кои ги доставува Катица Јанева. И постојано излегува со соопштенија со политички квалификации за неговите колеги од СЈО, кои ги обвинува дека се нестручни и тенденциозни.

Владимир Панчевски од 2003-2008 година работи во Министерството за финансии, во одделот на финансиска полиција. Неговото прво вработување во Кривичниот суд е од 2008 година каде што една година работи како истражен судија. Со доаѓањето на Лидија Неделковска за Претседателка во Кривичниот суд, Панчевски е прераспореден во Одделот за организиран криминал и му се доделени дел од најзначајните предмети од организиран криминал. Постапува во повторената постапка за случајот „Армиско оружје“, како и случајот „Пепел“ 2 во кој му се судеше на кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдиу.

 

Владимир Панчевски Кривичен суд претрес СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.