Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонскиот парламент сепак ќе одржи седница следната недела

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 6, 2017 15:19

Каталонскиот парламент ќе ја игнорира забраната на шпанскиот суд и во понеделник ќе одржи расправа, објави претседателот на каталонската влада за надворешни работи Раул Ромева.

-Парламентот ќе се состане и ќе одржи расправа, изјави Ромева за Би Би Си.

Ова е прв јасен одоговор од каталонската влада на одлуката на шпанскиот Уставен суд вчера со која се суспендира седницата на парламентот закажана за понеделник.

Во меѓувреме лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон, најави сесија на Парламентот за во вторник, на која најверојатно ќе се расправа за прогласување независност.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој понуди меѓупартиски разговори за пронаоѓање решение, со што ја отвори вратата за спогодба со која на Каталонија би и се дала поголема автономија. Тој ја отфрли независноста како опција и каталонскиот предлог за меѓународно посредништво.

Пратениците од шпанската владејачка партија тврдат дека Рахој планира да се повика на Уставот за да го распушти регионалниот парламент и со тоа да предвизвика одржување на нови избори во регионот, доколку владата прогласи независност.

Ромева за Би Би Си рече дека кризата може да се реши само по политички пат, а не преку судството.

Неговите изјави предизвикаа пад на шпанските акции и обврзници, како и уделите во двете најголеми каталонски банки.

Забраната на уставниот суд ја продлабочи една од најголемите кризи кои ја погодина Шпанија од воспоставувањето на демократијата во 1975 година, по смртта на Франциско Франко.

Каталонските политичари по неделниот референдум се обврзаа дека на седница в понеделник едностано же објават независност. Тензиите дополнително би можеле да се зголемат по повикот на шефот на каталонската полиција во шпанскиот врховен суд за да одговори на обвинувањата за потткнување бунт со тоа што не ја спроведл судската одлука за забрана на референдумот.

забрана Каталонска влада седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.