НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО го демантира Панчевски дека истражител му го украл клучот од домот

1
By Нова ТВ on October 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство најостро ги демантира обвинувањата на судијата Панчевски дека при претресот на СЈО во неговиот дом истражител му го украл клучот. СЈО со налог издаден од Основниот суд во Гевгелија влезе во домот на Панчевски, а претрес изврши и во неговата работна канцеларија во Кривичниот суд. Панчевски преку медиумите објави и снимка од безбедносната камера во неговиот дом со која тврди дека случила кражбата.

„Сите дејствија преземени во рамки на предистражната постапка за време на претресот во домот се документирани, се снимаат видео и аудио, за одземените предмети се составува записник за привремено одземени предмети кој го потпишува и лицето во чиј дом е извршен претресот. По целосна анализа на материјалите ќе излеземе и со официјален став за ваквите наводи кои ги демантираме во целост“, велат од СЈО.

Како што потврдуваат од МВР, судијата во полициска станица во петокот пријавил дека од службено лице кое вршело претрес во неговиот дом извршена е кражба. Панчевски се жалел дека поради кражбата, стравува за својата безбедност. Неговиот адвокатски тим, по насоки на Панчевски, подготвува и кривична пријава.

„Се подготвува кривичната пријава во врска со одземениот клуч и таа ќе биде поднесена во согласност со законот“, наведува неговиот адвокат Дангов.

СЈО објави дека Пачевски е осомничен за три кривични дела оддавање на службена тајна, злоупотреба на службената положба и овластување и помагање во извршување на кривично дело. Преистражната постапка се води во насока на утврдување дали Панчевски го злоупотребувал системот за распределба на предмети АКМИС, односно дали местел предмети.

Инаку, заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, изјави дека постојат сомневања дека постои паралелен АКМИС систем во Кривичниот суд, преку кој се местеле судските предмети кај подобни судии.

АКМИС Владимир Панчевски Кривичен суд СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.