НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коалициски договори во Германија: Меркел попушти за мигрантите

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, по десетчасовните преговори зад затворени врати со своите сојузници од Христијанско-социјалната унија на Баварија (ЦСУ), постигна договор во однос на чувствителното прашање за мигрантите, со што се отстранети препреките за коалициски преговори со останатите партии.

Претставниците на ЦДУ и ЦСУ се договорија, бројот на лицата кои бараат азил во Германија да биде ограничен на 200.000 годишно.

Лидерот на ЦСУ, Хорст Зеховер, претходно остро ја критикуваше одлуката на Меркел за дозвола за влез на повеќе од милион азиланти во земјата од 2015 година.

Меркел и Заховер, денеска ќе одржат прес-конференција со цел да бидат појаснети детелите од договорот.

Бројката од 200.000 се однесува на контролирање на влезот на азиланти, како што е спојување на семејствата, како и на бројот на прифатени бегалци на ниво на Европската унија или според договорот на Унијата и Турција.

Предлог-договорот предвидува дека доколку се повтори масовнен мигрантски бран, германската Влада повторно ќе го разгледа прашањето и се консултира со Парламентот во однос на новата цифра.

И двете партии се согласија дека миграциските текови мора да бидат намалени поради борбата со криумчарите и подобра заштита на надворешните граници на ЕУ.

Со таа одлука, германската канцеларка ќе може да се врати на преговорите со Партијата на слободните демократи (ФДП) и Зелените за формирање на коалиција.

 

коалиција Меркел Мигранти преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.