Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за СП 2018: Македонија со четири гола го реши Лихтенштајн

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 9, 2017 23:34

Сениорски репрезентативни првенци за Висар Муслиу и Енис Барди, копија гол од Торино на Александар Трајковски и враќање во националниот тим на Аријан Адеми со погодок. Четворицата фудбалери го потпишаа убедливиот триумф на Македонија против Лихтенштајн (4:0) во последниот настап во квалификациите за Светското првенство во Русија наредното лето.

Серијата голови на стадионот „Младост“ во Струмица ја отвори вардаровиот стопер Муслиу во 36. минута по корнерот на Езџан Алиоски. Две минути подоцна, во реплика на израмнувачкиот погодок против Италија, играчот на Палермо зголеми на 2:0 пришто Пандев одново беше во улога на асистент како и на „Олимпико“ во петокот.

Во две минути во второто полувреме паднаа и другите два гола. Членот на Леванте, Барди во 66. минута реализира по додавање од Трајковски, а само што влез во игра Адеми го комплетира покерот голови на струмичкиот тревник.

Македонија ги заврши квалификациите како петтопласирана во групата Г со 11 бода (три победи, два нерешени исхода и пет порази). Директен пласман на мундијалот осигура Шпанија чии фудбалери вечерва го совладаа Израел со 1:0. Со идентичен резултат и Италија, која ќе игра бараж, славеше против Албанија во Скадар. Албанците го освоија третото место со 13 бода, еден повеќе од Израелците, Лихтенштајн се оправда како аутсајдер во конкуренцијата и финишира во циклусот без ниту еден бод.

Македонија – Лихтенштајн 4:0 (2:0)

Стадион: „Младост“ во Струмица. Гледачи: 2,500. Гл. судија: Лоран Коприва. Асистенти: Даниел да Коста и Давид Матеус Сантос (сите тројца од Луксембург). Ж. картони: Зајков (Македонија); Кауфман, Висер, Селе, Стрелци: Муслиу 36′, Трајковски 38′, Барди 66′, Адеми 68′ за Македонија.

Македонија (формација: 4-2-3-1): Димитриевски – Ристевски, Зајков, Муслиу, Ристовски – Барди (Дориев 76′), Хасани (Елмас 46′) – Трајковски, Алиоски, Пандев (Адеми 66′) – Несторовски. Селектор: Игор Ангеловски.

Лихтенштајн (формација: 4-1-4-1): Јеле – Гепел, Кауфман, Малин, Квинтанс – Полверино – Брендл (Ерне 72′), Висер, Бухел (М. Селе 79′), Волфингер (Јилдиз 65′) – А. Селе. Селектор: Рене Паурич.

Квалификации за СП 2018

Група Д

Србија – Грузија 1:0

Велс – Република Ирска 0:1

Молдавија – Австрија 0:1

Табела: Србија 21, Република Ирска 19, Велс 17, Австрија 15, Грузија 5, Молдавија 2.

Група Г

Македонија – Лихтенштајн 4:0

Израел – Шпанија 0:1

Албанија – Италија 0:1

Табела: Шпанија 28, Италија 23, Албанија 13, Израел 12, Македонија 11, Лихтенштајн 0.

Група И

Украина – Хрватска 0:2

Исланд – Косово 2:0

Финска – Турција 2:2

Табела: Исланд 22, Хрватска 20, Украина 17, Турција 15, Финска 9, Косово 1.

квалификации за СП 2018 Лихтенштајн Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.