Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Харви Вајнстин – падот на кариерата на еден моќен филмски продуцент

5
By Нова ТВ on October 13, 2017 КУЛТУРА
Вајнстин и Мекговен, 2011
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 13, 2017 15:13

Кариерата на американскиот продуцент и еден од најпознатите во филмската индустрија, Харви Вајнстин речиси сигурно е завршена откако неделава е во фокусот на секој голем медиум по скандалот во кој актерки, продуцентки и други соработувачи на Вајнстин, го обвинија за силување, полови напади или обиди за сексуално матретирање.

Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли, Лиа Сејду, Росана Аркет и уште неколку актерки но и актери го обвинија ко-основачот на продукцијата „Мирамакс“ дека биле предмет на напад.

Најновото обвинување на адреса на продуцентот доаѓа од американската актерка, Рос Мекговен која објави дека била силувана од Вајнстин.

Првичната информација за Харви Вајнстин ја објави „Њујорк Тајмс“, за потоа да се приклучи и „Њујоркер“, по што започна бранот обвинувања од јавни личности кои случувањата ги чувале во тајност, а по што бордот на директори на „Вајнстин компани“, во која се јавува како ко-основач заедно со неговиот брат, одлучи да го отпушти од работа.

Во серија објави на социјалната мрежа „Твитер“, Мекговен освен што го обвини Вајнстин за силување, го обвини и шефот на студиото Амазон, Рој Прајс, дека ја игнорирал кога му кажала за проблемите кои ги имала со продуцентот.

Ова веднаш беше демантирано од еден од најмоќните продуценти во Холивуд.

Полицијата на Њујорк истражува случај поврзан со Вајнстин кој датира од 2004 година, додека полицијата Лондон Метро истражува случај кој датира од 1980.

Обвинувањата за сексуално малтретирање од страна на филмскиот продуцент се проширија во магазинот Њујоркер, кој цитира три жени, односно италијанската актерка Асиа Архенто, поранешната актерка Лусија Еванс и трета жена која е анонимна.

Еден од случаите е сниман аудио.

Во истиот новинарски текст пишува дека уште 10 други жени се довериле кај авторот на текстот, дека од 1990 ди 2015 биле нападнати, или имало обид да бидат нападнати од Вајнстин.

Неговиот првичен коментар беше дека секој сексуален чин бил доброволен и не присилил ниту една од жените кои го обвинуваат.

Во Америка веќе излегоа објави од страна на актерот Бен Афлек кој упати критики кон Вајнстин, потоа  актерот Тери Круз, кој исто така се пожали на „недолично однесување“ од Вајнстин при нивна соработка, како и изјава од Бред Пит, кој го предупредил Вајнстин во минатoтo, никогаш повеќе да нема контакт со тогашната девојка на Пит, Гвинет Палтроу, која се доверила дека имала непријатно искуство со продуцентот.

Последната во низата реакции се јави и Џејн Фонда, која во интервју со Кристиан Аманпур, рече дека знаела за сите маани на Вајнстин.

„Се срамам што никогаш не кажав за тоа“, вели Фонда, која тврди дека таа сепак иако знаела, никогаш не била нападната од продуцентот.

Според Фонда, Харви Вајнстин не е изолиран случај и дека во Холивуд имало и други кои ја злоупотребуваат својата моќ како него.

 

Анџелина Џоли Гвинет Палтроу Мирамакс Рос Мекговен сексуално малтретирање силување Харви Вајнстин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.