Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: Како Фејсбук, Твитер и Гугл помогнале при изборот на Трамп

0
By Нова ТВ on October 26, 2017 ВЕСТИ
dons
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 26, 2017 12:28

Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер како и компанијата Гугл одиграле далеку подлабока улога во претседателската кампања на Доналд Трамп отколку што претходно беше објавено, покажува анализа која наскоро ќе биде објавена, пишува „Политико“.

Анализата, базирана на повеќе десетици интервјуа со вработени во технолошките компании кои работеле во неколку претседателски кампањи во 2016 година, се очекува да даде нова слика за помошта која Трамп ја добил при неговата изненадувачка победа минатиот ноември.

Иако според компаниите се работи за стандардна практика да работат со реклами за време на политичките кампањи, новото истражување покажувало како ангажираните вработени, често дејствувале како политички оперативци сугерирајќи методи за како да се придобијат гласачите онлајн.

Токму ваквата поддршка била од клучно значење за кампањата на Трамп која најпрво не инвестираше во дигитални операции, но подоцна широко ги употреби Фејсбук, Твитер и Гугл за време на изборите, покажува анализата изработена од професори кои работат во Универзитетот на Северна Каролина и Универзитетот на Јута.

Иако компаниите таквите услуги ги имале понудено на сите кандидати, според студијата, кампањата на Хилари Клинтон не сакала да ги ангажира вработените на овие компании во нејзините операции и одлучила самите да си го работат тоа.

„Фејсбук, Твитер и Гугл отидоа подалеку од само промовирање на своите услуги“, се вели во студијата, со надополнување дека тие активно учествувале во комуникацијата за време на кампањата преку нивна тесна соработка со политичките службеници ангажирани од кандидатите.

„Степенот до кој тие помогнале на кандидатите беше изненадување за нас“, вели коавторот на анализата, Даниел Крејс.

Крејс и професорот Шенон Мекгрегор интервјуирале ангажирани лица од компаниите кои работеле со логистиката на Трамп, Клинтон како и со соработниците на Берни Сандерс, Тед Круз и Марко Рубио.

Анализата која треба наскоро да биде објавена, фрла дополнителна сенка врз влијателните Фејсбук, Твитер и Гугл кои по изборот на Трамп, секојдневно се соочуваат со обвинувања дека активно овозможиле да се шират „лажни вести“ во корист на Трамп а против Хилари Клинтон.

Сите три компании преку свои претставници следната недела ќе бидат сослушувани од страна на комисија формирана од американскиот Конгрес, а фокусот е нивната поврзаност со Русија и вмешаноста во изборите во САД.

Гугл Доналд Трамп Политико Твитер Фејсбук Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.